Научниците потврдија: Koгa чoвeк лaжe, тoj гo имитиpa гoвopoт нa тeлoтo нa oнoj штo го лaжe

Поврзано

Уредете го сами сопствениот двор или градина

Недела, сонце, пријатна температура нетипична за овој период од годината. Доколку имате сопствен двор, доколку уживате во декорирање и...

Наум Петрески: Бргу се заборави колку сум помагал и дониpaл, има такви кои едвај чекале да ме нападHaт

Кризата поради пандемијата економски не погоди, откако трае забраната за настапи живееме со платата на сопругата Зуица, со пензијата...

Peшeнa миcтepиjaтa: Eвe штo ce cлyчyвa co вaшeтo тeлo кoгa cпиeтe co чopaпи

Научници дадоа одговор на вечното прашање дали да се оди во кревет со или без чорапи. Верувале или не, носењето...
- Advertisement -

Неодамнешниот експеримент на холандски истражувачи од Универзитетот во Ротердам, кој го проучуваше влијанието врз говорот на телото и движењата, покажа дека луѓето се однесуваат повеќе или помалку слично кога лажат.

Научниците дошле до заклучок дека кога луѓето лажат, сите ја прават истата грешка.

Кога луѓето лажат, тие често несвесно го копираат однесувањето и говорот на телото на лицето на кое и кажуваат лага, а најмногу го копираат говорот на телото на блиски луѓе.

Затоа, се чини, тие најуспешно ги лажат своите партнери во љубовните врски. И за тоа, изјавија авторите на оваа студија за Мирор, има логично објаснување.

Кога се обидуваме да убедиме некого во нашата приказна, нашиот мозок се фокусира целосно на она што го зборуваме и „заборава“ да го контролира говорот на телото, па затоа прибегнува кон имитација, за што е потребен помалку когнитивен напор отколку размислување, велат авторите на студијата.

Во оваа студија, научниците прво ги снимале волонтерите со камери додека ја кажувале вистината, а потоа ги споредиле снимките со оние на кои испитаниците лажеле.

Тие заклучија дека лажењето бара значителен когнитивен напор, па затоа на повеќето луѓе им е многу полесно да раскажат вистинска приказна отколку лага.

Ова стана уште поочигледно кога од учесниците во истражувањето беше побарано да ги лажат своите партнери и колку беше полоша лагата, стануваше позабележителна имитацијата на изразите на партнерот.

– ОВИЕ НАШИ ОТКРИТИЈА СЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО СОЗНАНИЕТО ДЕКА ЛУЃЕТО ПОД ПОГОЛЕМО КОГНИТИВНО ОПТОВАРУВАЊЕ СЕ ПОТПИРААТ НА АВТОМАТИЗИРАНИ ПРОЦЕСИ НА ТЕЛОТО, КАКО ШТО СЕ ИЗРАЗИ НА ЛИЦЕТО – РЕКОА НАУЧНИЦИТЕ, БИДЕЈЌИ ЛАЖЕЊЕТО Е КОГНИТИВНО ПОВЕЌЕ БАРАНО ОТКОЛКУ ДА СЕ КАЖЕ ВИСТИНАТА.

Latest News

Тасева: Високата kopyпција е во високите ешалони на власта

Кога и да се објавеше индексот секогаш одеше како коментар од Владата дека тоа е само перцепција, и тоа...

More Articles Like This