October 27, 2021, 11:33 am

„Нацијата е во длабока опacност“: Поранешните американски генерали се coмневаат во мeнталното здравје на Бајден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 120 пензионирани американски генерали потпишаа отворено писмо во кое го критикуваат американскиот претседател Џозеф Бајден.

Во писмото се вели дека „нацијата е во длабока опасност“. Опстанокот на земјата како уставна република е загрозен, сметаат офицерите.

„Менталната и физичката состојба на Врховниот командант (вооружените сили на САД Џо Бајден) не може да се игнорираат. Тој мора да биде способен да носи одлуки во областа на националната безбедност брзо, насекаде, дење и ноќе“, истакнуваат авторите на писмото.
Во документот, потпишан од 124 лица, исто така се вели дека сегашната администрација „диктаторски започна вистински напад врз уставните права на американските граѓани, брзо потпишувајќи над 50 извршни наредби, заобиколувајќи го Конгресот, од кои многумина ја укинуваат ефективната политика на претходното раководство”.

Генералите ги повикаа ФБИ и Врховниот суд да дејствуваат брзо кога ќе се појават изборни нерегуларности и „да не ги игнорираат како во 2020 година“.

Активни и пензионирани американски офицери веруваат дека писмото од повеќе од 100 генерали за менталната и физичката состојба на американскиот претседател е „многу лош пример“ за цивилно-воените односи.

Пензионираниот полковник Џефри Макосланд го нарече писмото „антидемократска кампања“. Тој потсети дека Соединетите држави се сметаат за „една од ретките демократски земји во кои војниците никогаш не се заканија дека ќе ја преземат власта“.

„Според мене, ова е многу лош пример за ерозија на воено-граѓанските односи во Америка, што е камен-темелник на нашата демократија“, рече Макосленд за Хафингтон пост.
Од своја страна, поранешниот маринец Алекс Макој го нарече писмото на пензионираните генерали како предавство. Според него, поранешните офицери го направиле својот избор „предавајќи го огромното мнозинство ветерани, верни на своите заклетви“.

Демократот Џозеф Бајден победи на последните претседателски избори во САД. Неговиот противкандидат, поранешниот републикански претседател Доналд Трамп, постојано зборуваше за измама во процесот на гласање, а неговите приврзаници безуспешно се обидоа да ги свртат резултатите, вклучително и со заземање на Капитол, во кој загинаа неколку лица.

Latest News

Проверувајте дали вашето ливче има печат за да не го прогласат за неважечко: ДИК го врати старото Упатство за важечки и неважечки ливчиња

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница изгласа поништување на вчера донесената измена на Упатството за важечки и неважечки...

More Articles Like This