НАЧАЛНИЦИ СЕ МЕНУВААТ КАКО ЧОРАПИ: Спасовски продолжува незаконски да ги распоредува и унапредува партиските послушници во пресрет на изборите!

  • October 12, 2017
  • Коментари

СДС е во паника. Знаат дека граѓаните ја прочитаа нивната деструктивност и неспособност и мислат дека ќе се спасат преку злоупотреба на државните институции. За СДС не постои одвоеност меѓу државата и партијата. Се кршат закони и партиски се злоупотребуваат сите ресурси, изјави Милан Стефаноски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Партизираноста на Министерството за внатрешни работи, поставувањето на нестручни кадри кои поседуваат партиска книшка на СДС, резултира со сериозни инциденти во кампањата.Оливер Спасовски продолжува незаконски да ги распоредува и унапредува партиските послушници во пресрет на изборите, рече Стефаноски.

СДС ги губи изборите и во Гевгелија. Затоа Спасовски е во паника и носи решенија спротивни на закон за са ги задоволи партиските послушници. Со издавање на „писмени наредби“ со важност од 30 дена во екот на предизборната кампања, на само 4 дена до изборите, се унапредени и разрешени полициски службеници по неколку скалила од системот на кариера, кажа Стефаноски.

Ова претставува еклатантен пример за злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, во текот на вчерашниот ден, направени се измени во ПС Гевгелија, каде што за командир е назначен Миле Ангелков, за заменик командир – Пепи Еленски, за началник на Надворешната канцеларија за криминалистички работи е поставен Гоце Петров и за сменоводител – Перо Василевски.Ова е беззаконие и за ваквите предизборни партиски комбинаторики ќе следи одговорност, изјави Стефаноски.

Би сакале да ги предупредиме послушниците на Оливер Спасовски и него самиот дека правната држава ќе се врати откако Заев ќе замине од власт. Тогаш сите ќе одговараат за криминалот што го сториле. Документирани се сите злоупотреби на службени возила, а пристигнуваат бројни информации дека полициски службеници наместо да се на работното место, по налог на потпретседателот на СДС агитираат меѓу граѓаните. Нивните признанија и изјави можеби ќе ја намалат одговорноста, но одговорност ќе има, додаде тој.

После 15-ти октомври ќе се врати правната држава и секој ќе одговара за злоупотребите што ги сторил, рече Стефаноски.

Претходно «
Следно »