“НАШЕТО ИМЕ НАШЕ ПРАВО“: Денес протести во Скопје и во 14 градови низ светот

  • March 4, 2018

Во организација на движењето „Нашето име е наше право“, денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во 13 часот, ќе се одржи протестен собир. На протестот ќе биде изразено незадоволство од, како што пишува, политиките што ги загрозуваат националните интереси на македонскиот народ.

 

Собирот се одржува во ист ден заедно со протестите на Македонци од дијаспората во 14 градови во светот: Франкфурт – Германија, Малме – Шведска, Вашингтон – Сад, Мелбурн, Сиднеј, Перт и Бризбејн – Австралија, Оукленд – Нов Зеланд, Хаг – Холандија, Лондон – Велика Британија, Крањ – Словенија, Валета – Малта, Канали – Италија и Прага – Чешка

Организаторите најавуваат вклучување преку видео-бимови со протестите на дијаспората од локации ширум светот, а организираат бесплатен превоз до Скопје од другите градови.

Движењето „Ние сме Македонија” започна во јануари со симболичен собир пред македонската амбасада во Вашингтон каде за првпат беше објавена декларација со која што се бара итен прекин на разговорите за името и поднесување резолуцијата во Генералното собрание на ОН за признавање на уставното име на Република Македонија.

Претходно «
Следно »