НАЈАВУВАЧ НА ВОЈНИ: Секогаш кога Мекејн ќе се појави некаде, по неговото заминување има војна – сега се интересира за Македонија и Србија!

  • April 11, 2017

Веднаш по „тајната“ посета на Сирија на 27 мај, 2014 година, во земјата започнаа првите напади под лажно знаме, поточно на 21 Август 2013.

mekejn_ISIS
Сенаторот Џон Мекејн имаше уште една тајна посета во Курдскиот регион во северна Сирија на 20.ти Фебруари 2017 година, со цел да разговара со воени претставници на армијата на САД, бунтовниците, и лидерите во регионот.

Портпаролката на Мекејн, Џули Тарало, ја потврди оваа посета, нарекувајќи ја „вредна можност да се проценат динамичните услови на терен во Сирија и Ирак“.

„Вол Стрит Џурнал“ напиа дека патувањето било организирано со помош на армијата на САД, и за прв пат законодавец на САД патувал во регионот откако Американските специјални сили започнаа со борба рамо до рамо со локалните бунтовници.

Мекејн исто така се сретнал и со Турскиот претседател Ердоган за да разговара во врска со ситуацијата во Сирија и моменталните односи помеѓу САД и Турција.

Во изјава, Мекејн ќе каже:
„Промената на администрацијата во САД претставува сериозна можност да се разгледаат и да се преиначат моменталните политики во однос на Сирија.“
На 4ти Април 2017, сомнителен напад со хемиско оружје во провинцијата Идлиб беше причина претседателот на САД Трамп да започне воздушен напад со крстосувачки ракети „Томахавк“ врз Сирија, без притоа да побара дозола од советот за безбедност. Мекејн аплаудираше на потегот, и бараше да продолжат таквите активности.

Мекејн има особен талент да се појавува на места каде што во моментот се затегнуваат гео-политичките тензии, а по заминувањето на Мекејн, конфликтите се зголемуваат експоненционално. Коинциденција? – прашува Алекс Кристофору, автор за „Дуран“

Мекејн беше во Сирија координирајќи се со лидерот на ИСИС ал-Багдади во 2013. Каде беше средбата? Секако во Идлиб, Сирија – додава Кристофору.

Според АП, Мекејн ја поминал границата во близина на Килис, Турција, и имал двочасовен состанок со лидерот на бунтовниците, во близина на Идлиб, Сирија. Во текстот се додава дека Мекејн ја остварил средбата со цел да побара „агресивна воена акција во двегодишната Сириска војна, барајќи зона со забранет лет и вооружување на бунтовниците“.

Претседателскиот портпарол Џеј Карни изјавил дека „Белата куќа е запознаена со плановите за патување на Мекејн во Сирија. Сепак, Карни одбил да каже дали Мекејн носи порака од администрацијта, но рекол дека властите од Белата куќа чекаат извештај во врска со неговото патување.

Ова е извештај на АБС во врска со „тајната“ посета на Идлиб, која кажува многу:

Двочасовната средба во Идлиб, Сирија привлече големо внимание бидејќи „бунтовничките“ лидери кои се гледаат на фотографиите кои Мекејн ги објавил на својот Твитер профил, личат многу на лидерите на ИСИС Абу Бакр ал-Багдади и Мухамад Ноор.
McCain-ISIS

Џон Мекејн беше исто така и во Либија, пред да биде бомбардирана до земја од администрацијата на Обама и НАТО силите

Мекејн беше и во Украина за веме на Мајдан, поддржувајќи го рушењето на легитимно избраната власт и постави власт која е во соработка со нео-нацистичките исли.
John McCain, Chris Murphy, Oleh Tyahnybok

Јас не сум човек кој се обложува, но имам сомнеж дека хемискиот напад и тајната посета на Мекејн на Сирија имаат некаква врска – вели Кристофору.

Последно, Мекејн беше на средба со српскиот претседател Вучиќ кој неодамна победи на легитимни избори. Веднаш потоа, во Србија започнаа протести поддржани од фондовите на Сорос, и најверојатно УСАИД.
Dzon-Mekejn-i-Vucic
За време на НАТО бомбардирањето на Србија во 1999.година, Мекејн бараше да се бомбардираат и болниците низ земјата.

Но она што загрижува, е тоа што Мекејн се интересирал и за Македонија.

Знаејќи ја неговата „биографија“, но и изјавата на Џон Кери дека Македонија е „на линија на огнот“, тогаш развојот на настаните е навистина нешто што треба да го загрижи секој од нас.

Претходно «
Следно »