НАЈБОГАТАТА МАКЕДОНКА ВО АМЕРИКА: Како Сузан Ницовски заработи 100 милиони долари?

Поврзано

(Видео) Myвa нe гo пoлaзи: Ha oнлajн ceдницa вo кpeвeт, co мyзикa и eлeктpoнcкa цигapa

Членот на естонската опозициска партија „Татковина“ и европарламентарец, Тармо Круусимае присуствувал онлајн на седницата на Естонскиот парламент. Бидејќи Тармо работел...

(Видео) Прекрасна глетка: Мечките на Бистра се разбудија од зимскиот сон

Мечките очигледно се разбудија од зимскиот сон и се во потрага по храна на брегот на реката Радика. Снимката што...

Која баба ви го обележала вашето детство, ако е бабата по мајка тогаш има и причина зад тоа

Освен љубовта и вниманието, постојат уште неколку посебни врски помеѓу внучето и бабата. Ако сте имале доволно среќа да...
- Advertisement -

Салатите освен што се здрави и вкусни за јадење носат и добра заработувачка. Сузан Ницовски која потекнува од Македонија, решила да направи своја компанија преку која ќе продава свежи салати.

Нејзината компанија се вика „Летни свежи салати “ (Summer fresh salads inc) и специјално е направена за гладни луѓе кои немаат многу време за јадење, а сакаат да се хранат здраво. Бидејќи Сузан има дипломирано хемија, воопшто не и било проблем преку хемиски процеси да ги задржи салатите свежи и квалитетни и по неколку дена.

Кога Сузан и нејзината мајка ја отвориле компанијата се наоѓала во едно мало просторче во Онтарио, за денеска да прерасне во гигантско здание од кое со зеленучук се снабдуваат Канада и Северна Америка. Во „Летни свежи салати“ има 300 вработени и библиотека со преку 3000 рецепти за нивните производи.

Преку продажба на салати, Сузан одамна ја надмина заработката на над 100 милиони долари, а нејзината компанија прерасна во империја за здрава храна. Мега успешниот бизнис на Ницовски досега има добиено повеќе награди од индустријата за храна, но и од бизнис секторот меѓу кои и наградата за најиновативна компанија.

Таа заедно со најуспешните македонски бизнисмени од земјава, но и од дијаспората е член на одборот во „Македонија 2025“- асоцијација на бизнисмени и професионалци.

„Го напуштив светот на корпорациите и по дома со мајка ми почнавме да готвиме и сецкаме креативни јадења во кујната. Храната отсекогаш била дел од мојата фамилија. Моите баба, дедо и вујко поседуваа ресторани, а мојот татко е инжињер специјализиран за опрема за готвење и производство на храна. Јас уште од мали нозе обожував да готвам домати на скара. Останатото е веќе историја“, вели Сузан.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Пoвoлeн дeн зa нoвa paбoтa зa Девицата, Шкopпиjaтa мoжe дa имa пpoблeми co дoлгoви

ОВЕН Иако на прв поглед се делува како што треба, во вашето работно опкружување, сепак, постојат проблеми кои ве опкружуваат. Вљубени...

More Articles Like This