НАЈГОЛЕМИОТ АЕРОДРОМ ВО СВЕТОТ: До 2025 година низ Даксинг ќе поминат 72 милиони патници

  • October 28, 2019
  • Коментари

Од аеродромот Даксинг во Пекинг, тргнаа првите меѓународни летови. Станува збор за најголемиот аеродром на светот, а сега тој започна и со меѓународна соработка, пренесе „Б92“.

Аеродромот формaлно е отворен на крајот на септември, воочи на прославата на 70-годишнината на Народна Република Кина. Аеродромот има четири писти и се очекува дека до 2025 година низ него ќе поминат 72 милиони патници.

Аеродромот вреди 63 милијарди долари, а го дизајнираше познатата архитектка родена во Ирак, Заха Хадид, пренесува „Ројтерс“.

Претходно «
Следно »