НАЈГОЛЕМИОТ ФИЗИЧАР И НОБЕЛОВЕЦ АЛБЕРТ АЈНШТАЈН НА ЕДЕН КУРИР МУ ПРЕДАЛ НЕПРОЦЕНЛИВИ СОВЕТИ ЗА ГАРАНТИРАНА СРЕЌА!

  • December 28, 2018

Најпосле е откриена најголемата тајна на најголемиот физичар и Нобеловец.
Заборавете на теоријата за релативитет. Кога е во прашање декодирањето на универзумот, ништо не е помистериозно од луѓето.

За цела среќа, светскиот гениј Алберт Ајнштајн зад себе ја оставил теоријата која го открива достигнувањето на среќата и исплолнувањето, а притоа тоа нема никаква врска со физиката.

После 95 години, анонимен продавач на аукција ставил две писма од прочуениот физичар и Нобеловец, а тоа што го пишувало во нив вредно е точно 1,56 милиони долари.

Што се однесува до приказната на овие две писма, Ајнштајн во 1922 година говорел во Токио, кога јапонски курир му доставил порака.

Кога сфатил дека нема доволно пари да му даде за услугата, Ајнштајн извадил пенкало и на хартија напишал неколку непроценливи совети за животот и му ги предал на курирот во знак на благодарност.

За наша среќа, советите кои му ги дал најпосле излегоа во јавност.

Првиот совет бил: “Тивок и скромен живот носи повеќе среќа од трчање кон успех која е преполна со немири”, напишал на германски.

“Таму каде што постои волја, постои и начин”, стои во вториот совет.

“Aко бидеш доволно среќен, овие листови еден ден ќе вредат многу повеќе од тоа што требаше да ти го платам за услугата”, му рекол Ајнштајн кога му ја дал хартијата на курирот.

Претходно «
Следно »