НАЈГОЛЕМИТЕ ЗЛОСТОРСТВА СЕ СЛУЧИЈА ВО ВРЕМЕ НА СДСМ: Зеколи ја потсетува Шекеринска дека во нејзино време се случи „Сопот“, убсиство на НАТО војници, местени апсења, тортура…

  • October 11, 2018

По првото обвинение на СЈО против функционер на ДУИ, реагираше и аналитичарот Арсим Зеколи. Тој на својот Твитер посочи дека Шекеринска иако ликува за обвинението против Бујар Османи и наводната правда, заборава дека во нејзино владеење кога СДСМ коалицираше со ДУИ се случи Сопот, убиство на НАТО војници, местени апсења, тортура и изнудени признанија. За крај Зеколи побара оставка од Шекеринска заедно со оставката на Бујар Османи,

-Додека Шеќеринска ликува за Османи и правда, да ја потсетиме малку дека во нејзино владеење (со ДУИ) се случи Сопот, убиство на НАТО војници, местени апсења, тортура, изнудени признанија итн. Ајде, златна, давај оставка заедно со Бујар, пишува Зеколи на Твитер.

 

Претходно «
Следно »