НАЈДОБРИТЕ ЕВРОПСКИ ДЕСТИНАЦИИ ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ!

Поврзано

ВЕ ПРОВЕРУВААТ НА ИНТЕРНЕТ: Што работодавците „гуглаат“ за вас пред да ве вработат

Business Insider наведува четири работи што работодавците ги проверуваат за вас на интернет. Едно истражување покажало дека 80% од...

(Видео) НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Група астрономи открија диск галаксија стара 12,5 милијарди години

Група астрономи открија голема диск-галаксија, создадена пред 12,5 милијарди години. Имајќи предвид дека станува збор за најоддалечената галаксија од таков...

(Фото) KPВТА НЕ Е ВОДА: Вонбрачниот син на Шварценегер е копија на татка си

Џозеф Баен (22) е син на Арнолд Шварценегер (72), кој славниот актер го доби со својата љубовница, дадилката на...

Сигурно веќе сте размислувале како можете да го зачините месецот на љубовта и да направите нешто поразлично. Доколку вашата девојка или сопруга суптилно ви кажала дека сака посебно изненадување за овој Ден на вљубените, најдоброто нешто што можете да ѝ го подарите е патување. Доколку не можете да се одлучите за дестинација, овие предлози се совршени за прославување на Денот на вљубените.
1. Париз

Не треба да ве чуди што Париз е еден од главните дестинации за романтична посета. Познат и како градот на љубовта, Париз навистина има посебна убавина и шарм. Погледот на градот е заштитен од УНЕСКО и не смеат да се прават згради повисоки од 6 ката. Низ целиот град ќе најдете бројни романтични ресторани, многу калдрми, продавници со секакви интересни работи, фантастични галерии, музеи, споменици… Едноставно, овој град нуди премногу.

2. Талин

Главниот град на Естонија, покрај тоа што е еден од најнапредните во Европа, нуди и единствено доживување на средновековната култура. Стариот Град ги задржал шармот и стилот од минатото, па сигурно ќе уживате додека шетате низ него. Доколку сакате и романтична вечера во средновековен стил, има многу ресторани во самиот центар на градот што ќе ви го овозможат токму тоа.

3. Фиренца

Иако секое место во Италија си има посебен шарм, за Денот на вљубените може да се издвои Фиренца. Доколку сте љубители на уметноста, ова е совршената дестинација за вас. Шетањето низ градот е како шетање низ најголемата галерија во светот.

4. Амстердам

Овој град е одлична дестинација за сите вљубени. Местата што треба да ги видите ќе направат да се чувствувате фантастично. Често Амстердам е споредуван со Венеција поради многубројните канали, а најромантичното нешто што можете да го направите е возење со брод.

5. Келн

Еден од најстарите градови во Германија звучи навистина примамливо за посета. Ова е четвртиот по големина град во Германија и овде ќе ја најдете неверојатната Келнска катедрала која е трета по височина во светот. Исто така можете да пловите по реката Рајна и да уживате во зајдисонцето. Уште подобро е што во овој регион има многу дворци и замоци кои се како излезени од бајка и ќе ви ја направат посетата уште поневеројатна.

Актуелно

Претседателот на тетовското крило на БЕСА Билал Касами и коалиционен партнер на СДСМ и Зоран Заев, денес, спротивно на...

ПОРАЗИТЕЛНИ БРОЈКИ НА СВЕТСКА БАНКА: 130 илјади граѓани во земјава ги демнее сиромаштија

Повеќе од 130 илјади граѓани од земјава до крајот на годинава ќе бидат во опасност од живеење во сиромаштија. За околу 10 отсто се предвидува...

(Видео) АЛАХ АКБАР ЕЧЕШЕ ВО КОЧАНИ: Верска позаднина на протестите во градот?!

Алах акбар ечеше по улиците во Кочани попладнево. Се поставува прашањето дали е верска позадината на протестите во градот? Првичните  информации со кои располага Инфомакс...

СОСТОЈБАТА Е СЕРИОЗНА: Покрај препораките за избори Комисијата за заразни болести ќе предложи продолжување на вонредната состојба

Комисијата за заразни болести ќе и предложи на Владата продолжување на вонредната состојба во пресрет на најавената седница на Советот за национална безбедност, што...

РАБОТАТА ИЗЛЕГУВА ОД КОНТРОЛА: Коронавирусот во Македонија зеде 4 нови жртви

Во последните 24 часа регистрирани се 52 нови случаи на заболени од Ковид-19 во земјава. Резултатот е добиен по изработени 661 тест. Распоред по градови: Скопје...

Повеќе вести