НАЈЕФИКАСНИТЕ ДИЕТИ ИСПРОБАНИ НА НАШИТЕ ПРОСТОРИ

  • October 22, 2016

Оваа диета се состои од циклус од дваесет дена во кои денови се јаде во 2 точно определени оброка. Нивното количество не е ограничено. Тоа што морате да го запазите е по завршувањето на еден диетален циклус од 20 дена мора да се направи пауза од еден месец. По завршувањето на месецот можете повторно да продолжите со диеталниот циклус од 20 дена.

edna-od-najefikasnite-dieti-isprobana-na-nasite-prostori-01

Оброците консумирајте ги  во растојание од минимум 6 часа. На пример: Првиот во 10 часот, а вториот околу 17 часот.

1 ден – Макарони со сирење или јогурт по ваш вкус, варени или печени.

2 ден – Ориз тава или пилав. Можете да го јадете во комбинација со сирење или јогурт.

3,4 и 5 ден – Пилешко месо со салата, варено или печено на скара без маснотии.

6,7 и 8 ден – Телешко месо со салата. Месото нека биде варено.

9,10 и 11 ден – Риба со салата, подготвена по ваш вкус. Печена во фолија или туна од конзерва, но не во масло, туку во вода.

12,13 и 14 ден – Зрнест зеленчук, грав, грашок, леќа или боранија подготвени како чорби.

15 и 16 ден – Компири во сите можни варијанти.

17 ден – Ден за овошје

18 ден – Макарони со сирење или јогурт, исто како првиот ден од диетата.

19 ден – Ориз исто како вториот ден

20 ден – Верувале или не, можете да јадете што и да посакате благо комбинирано во 2 оброка.

edna-od-najefikasnite-dieti-isprobana-na-nasite-prostori-02

Количината на храната не е ограничена. 2 пати на ден може да консумирате колку што сакате согласно распоредот на исхрана. Количеството на течностите кои ги внесувате е неограничено. Може да пиете сè – кафе, шеќер, газирани или густи сокови. Во салатите или било кој оброк може да користите масло, но само една лажица.

Претходно «
Следно »