НАЈМАКЕДОНСКАТА ПОГАЧА ЗА ВОДИЦИ: Баба Роса од штипско Ново Село напиша „никогаш Северна, само Македонија“

  • January 20, 2020
  • Коментари

На социјалните мрежи се проширија фотографии од празнувањето на вчерашниот празник Богојавление – Водици, за кои откако се потрудивме малку повеќе дознавме дека доаѓаат од штипско Ново Село.

Роса Гапева ја направила најмакедонската погача која некогаш сте ја виделе. На погачата е прикажано сонцето со шеснаесет краци од Кутлеш и е испишано “Никогаш Северна, само Македонија”.

Секоја чест!

Претходно «
Следно »