НАЈМАЛКУ 10 ДО 15 ГОДИНИ ОДНОВО ДА СЕ ИЗГРАДИ СИРИЈА: За обнова на Сирија потребни 400 милијарди долари

  • May 25, 2018

Сирија можеби ќе има потреба од повеќе од претходно проценетите 400 милијарди долари за своите напори за реконструкција и очекува да ги покрие трошоците со помош на внатрешни извори и странска помош, вклучително и од Русија, изјави сирискиот министер за економија и надворешна трговија Самер Калил за Спутник во петокот во Санкт Петербург на Меѓународниот економски форум.

“За да ја обнови Сирија … потребно е надворешно финансирање, како и внатрешно … 400 милијарди долари не се конечна проценка. Ние зборуваме за неколку вектори на финансирање”, рече министерот.

Според Калил, дел од средствата ќе бидат обезбедени од страна на сириската влада и бизниси, додека останатите ќе доаѓаат од странска помош, главно од Русија.

“Што се однесува до техничката поддршка [за обнова на напорите], нашите компании го имаат потребното искуство, но исто така се надеваме на помош и поддршка на пријателски земји, со тоа што Русија е на чело на оваа листа. Русија веќе ја обезбедува оваа техничка поддршка” рече министерот.

Пред две недели, сирискиот претседател Башар Асад процени дека може да се потребни и до 400 милијарди долари за реконструкција на Сирија по конфликтот, но истакна дека прецизниот број е непознат, бидејќи некои области сè уште беа контролирани од терористи.

Руските компании веќе започнаа со реконструкција на сириската нафтена и гасна индустрија, особено со рехабилитација на оштетените нафтени деривати и откривање на нови, рече сирискиот министер за економија и надворешна трговија Самер Калил.

“Нашата работа со руските компании во оваа област се развива во две насоки: првата е развојот на нафтената и гасната индустрија преку откритивање на нови депозити, а втората е рехабилитација на оштетените депозити, руските компании веќе почнаа да работат на ова, “Рече Калил.

Тој додаде дека Сирија се обидува да го зголеми бројот на постоечките договори со руските компании, привлекувајќи повеќе од нив на сирискиот пазар.
Сирискиот народ има доволно волја и решителност да го оствари планот на претседател Башар Асад и целосно да ја реизгради Сирија во рок од 10-15 години, рече Самер Калил.

“Што се однесува до временската рамка од 10-15 години, што ја спомена нашиот претседател [Башар Асад], сирискиот народ има доволно волја и се залага за обнова на земјата, и овој потег сега станува само посилен”, рече министерот.

Претходно «
Следно »