October 18, 2021, 6:30 pm

Најмалку 17 лица пoчинaлe во Русија од тpyење со швeрцувaн илeгaлен алкoхол

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 17 луѓе починале во централна Русија од труење со илегален алкохол, и покрај напорите на Кремљ да стави крај на шверцуваниот, таканаречен сурогат-алкохол, кој носи жртви низ целата земја.

„Во моментов имаме 33 жртви, од кои 17 починаа. Останатите се лекуваат во болници“, соопштија властите во регионот Оренбург, додавајќи дека труењето е предизвикано од метанол. Според официјалните информации, концентрацијата на метанол во телата на жртвите била три до пет пати поголема од смртоносната доза.

Гувернерот Денис Паслер на социјалната мрежа Телеграм ги предупреди луѓето да се воздржат од купување алкохол, велејќи дека се започнати масовни инспекции на продажните места со цел да се најде илегалниот алкохол.

Рускиот истражен комитет соопшти дека отворил случај и дека се уапсени три лица – едно кое произведувало нелегален алкохол и двајца продавачи. Во рации во еден магацин биле запленети повеќе од 1.200 шишиња илегален алкохол.

Руските власти ги заострија прописите по инцидентот во 2016 година, кога 60 луѓе починаа во Иркутск во Сибир, откако конзумирале алкохол од домашна изработка.

Сепак, домашно направениот алкохол станува сè попопуларен откако е заострена регулативата за продажба на алкохолни пијалоци и откако се зголемени цените, и воведени се мерки за борба против алкохолизмот. Цената на вотката во официјалните продавници е превисока за милиони Руси, особено во провинциите со низок животен стандард.

Latest News

(Видео) Во Шпанија откриена најголемата плантажа со мapиxуана во Европа, зaпленети 135.000 стебла

Агентите на Граѓанската гарда запленија 135.000 стебла марихуана на фарма на 50 километри јужно од Мадрид. Полициските извори наведуваат дека...

More Articles Like This