December 4, 2021, 6:17 pm

Најмалку 30 мигранти се yдaвија во обид да го преминат Ла Манш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 30 мигранти денеска загинаа при потонување на брод на каналот Ла Манш, во обид да стигнат до Велика Британија, соопшти француската полиција.

Мигрантите од Франција заминале кон Велика Британија со брод кој потонал недалеку од францускиот град Кале.

Францускиот премиер Жан Катекс изјави дека бродската несреќа е „трагедија“, додавајќи дека загинатите се жртви на „криминален шверц“.

„Моите мисли се со многуте исчезнати и повредени жртви на криминални шверцери кои ја злоупотребиле нивната ситуација“, рече Катекс.

Француските и британските власти спроведуваат голема спасувачка операција на море и од воздух на Ла Манш. Најмалку пет лица се извлечени од морето во несвесна состојба. Три хеликоптери и три брода трагаат по исчезнатите.

Француските гранични безбедносни служби денеска уапсија 15 лица од различни националности, осомничени дека се дел од синџирот на шверц на бегалци кој им помогнал на стотици луѓе илегално да го преминат Ла Манш и да влезат во Велика Британија.

Latest News

(Видео) Hемири во Виена: Над 10 000 демонстpaнти се cyдрија со полицијата која со кучиња ја рacтеруваше толпата

Во центарот на Виена се одржуваат бројни протести на противниците на мерките за корона и задолжителната вакцинација, поради што...

More Articles Like This