Најмногу снег и најстудено во Лазарополе и Маврово

Поврзано

Денес не очекува сончево и многу топло време, УВ индексот 9

Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне повторно ќе има локален развој на...

Денес не очекува сончево и топло време, попладне дoжд и нeврeмe

Времето во земјава денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален...

Денес не очекува сончево и топло време со појава на мала локална oблaчноcт

Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од...

Највисока снежна покривка од 14 сантиметри и најниска температура од минус девет степени Целзиусови во осум часот изутринава се измерени во Лазарополе.

timthumb

Во Маврово има 12 сантиметри снег, а температура од минус шест степени, во Крушево се наврнати седум сантиметри снег и се измерени минус осум степени. Во Претор и во Берово снежната покривка е по четири сантиметри, а температурата минус шест односно минус пет степени. Два сантиметра снег има во Крива Паланка.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи УХМР минус пет степени изутринава во осум часот се измерени и во Ѓуриште и Тополчани, минус четири Пожаране, минус три во Дебар, Охрид и Крива Паланка, минус два во Прилеп и Битола, минус еден во Тетово, Штип, Куманово и Виница, нула во Скопје и Скопје Петровец, еден во Демир Капија и Дојран, два во Струмица и три во Гевгелија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со силен северен ветер, повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и во источните делови на земјава каде се очекува да достигнува од 60 до 80 километри на час.  Наместа особено во северозападниот дел од земјава ќе има повремени провејувања на снег. Наjвисоката температура во земјава се очекува да достигне од 0 до 8 степени.

Во Скопје променливо облачно со услови за провејување на слаб снег  и со умерен до засилен северен ветер. Температурата до 4 степени.

Утре времето ќе биде умерено облачно, студено и ветровито со провејување на слаб снег,  a ќе дува умерен повремено засилен северен ветер.

Дневната температура ќе биде во пораст, а утринските поради разведрувањето и намалувањето на  брзината на ветерот  ќе бидe во опаѓање.

Актуелно

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

(Видео) По зakaните по неговиот и животот на Јовановски, Дуковски видно вознемиpeн, известени се и амбасадите

Видно вознемирен и нервозен вака може единствено да се опиште денешниот настап на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при изјавата пред обвинителството откако...

Нови „бомби“ во етерот – што мисли Заев за Бранко Црвенковски и неговите луѓе, и колкав е неговиот капитал

Нови аудио снимки од свиркачи се појавија на социјалната мрежа „ЈуТјуб“ на кои може да се слушнат секвенци од разгвор кој Зоран Заев го...

Повеќе вести