НАЈСКАПИТЕ „ШКОДИ“ НА СВЕТОТ: МВР ќе ги вози најскапите шкоди во светот- каде завршија милион евра?

  • December 14, 2017

Амбасадорот на Чешката во Македонија, Мирослав Томан денеска му ја предаде донацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вредност од околу милион евра.

Донацијата всушност вклучува 45 возила од типот „шкода октавиа“.

Повеќе од очигледно е дека бројот на возилата и цената за возилата не се совпаѓат. Според овие бројки вредноста за една „шкода октавиа„ изнесува околу 22.000 евра. Но, реалната цена за овој тип на автомобили изнесува околу 14.535 евра. Овде може да се додаде и фактот што доколку се купи поголем број на автомобили следува снижување на вредноста на автомобилот.

Според овие бројки разликата помеѓу реалната вредноста на овој тип автомобил и цената по која тие се набавени е околу 7.500 евра.

Кога станува збор за набавки за МВР, не може а да не се спомне и фирмата Де Лукс Ауто-Куманово, преку која министерот Спасовски на нелегален начин во октомври ги набави возила за употреба во МВР.

Инаку, компанијата од Куманово, не е овластен дистрибутер на „шкода“ туку дилер на возилата, сепак нивната понуда била најповолна за купување на 45 возила, тврдеа во октомври месец од МВР, од каде убедуваа дека во постапката се испочитувани сите законски процедури. За оваа зделка не бил објавен јавен оглас, за јавни набавки, туку МВР одлучиле постапката да оди со преговарање, поради како што велат од таму, крајна итност.

МВР на 29 август годинава го потпишале договорот со кумановската компанија „Де Лукс Ауто“ на висина од 62.806.500 денари без ддв за набавка на 45 возила. Со договорот Делукс Ауто Куманово е задолжен да врши сервис следните 3 години, како и да обезбеди летни и зимски гуми за возилата.

СДСМ ветува транспаретност и отчетност кај граѓаните, но за жал сепак се се сведува на матни и нетранспатетни договори и тендери.

Претходно «
Следно »