НАЈЧЕВСКА ИСТУРИ НИЗА НАВРЕДИ ЗА ДЕМОНСТРАНТИТЕ: Тоа биле „неписмени кретенчиња“ и „национал-фашитичка багра“

  • November 19, 2018

Не поминаа ниту 24 часа од вчерашнио протест пред Собранието на Македонија, а веќе пристигнаа и првите знаци на паника, во форма на навреди – од кој друг, ако не од дежурниот плукач, Мирјана Најчевска


На својот ФБ профил, Најчевска ги нарече демонстрантите „националистичко-фашистичка багра“, која ја влечела Македонија во 16.век, притоа одземајќи им го правото да го слават АСНОМ, бидејќи истите тие луѓе, според Најчевска изградиле „хорор музеј на комунизмот“ , кој пак како што сметаа таа бил оправдан систем на владеење.

„Не ми се верува, џганот кој го испоплука социјализмот, кој направи хорор музеј за комунизмот, џганот кој се откажа од историјата на мојот татко и неговите соборци, одеднаш се сети за АСНОМ и застана во негова одбрана.

Мрш бре кретенчиња неписмени кои сеете национализам и омраза и продуцирате насилство, кои ја вративте државата во 16 век и не закопавте во фекалии од кои не можеме да се извлечеме.

Таткоми умре со револуционерните песни на своите загинати соборци и со подигната тупаница за одбрана на овој народец од џганот како вас.

И јас немам намера да дозволам националистичко-фашистичката багра на чело на лумпен пролетаријатот кој истиот овој џган го создаде да не влече надоле.“

Претходно «
Следно »