На автопатот кај Табановце забележани групи мигранти

Поврзано

Каракамишева бара рачно пребројување на гласовите

По сите видени небулози, крадење на гласови и други изборни криминали АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ ПАРТИИ ВЕДНАШ да побараат од...

ДУИ во Кисела Вода освоиле 44,9% од гласовите, покажуваат податоците на ДИК

Нова изброна нерегуларност се појави на стрнаната на ДИК за предвремените парламентарни избори. Откако претходно имаше нелогичност за...

Спасовски: Додека не се формира новата Влада, актуелната Влада ќе функционира

Додека не се формира новата Влада, актуелната Влада ќе функционира и ќе работи со несмален интензитет во интерес на...
- Advertisement -

Во близина на граничниот премин Табановце се забележани нелегални мигранти, евентуално први од најновиот бран кој почна да го чувствува Грција. Од видеото кое го доби Алсат се гледа како можеби почнува нов мигрантски бран како резултат на одлуката на турската влада да ги отвори границите за сириските бегалци. Сепак, од МВР не даваат детали за ситуацијата.

„Во врска со прашањето за илегалната миграција, ве известуваме дека ситуацијата на државните граници е непроменета. Што се однесува до настаните во регионот, тие постојано се следат“-велат од МВР.

Но, евидентно е дека состојбата на турско-грчката граница станува тензична. Грчката полиција денеска фрлаше солзавец за да ги одврати емигрантите да влезат на нејзина територија, додека тие возвраќаа со фрлање камења.

Властите во Атина ветија дека ќе дадат сè од себе за да ги заштитат границите, додавајќи дека во последните 24 часа спречиле околу 4.000 нелегални премини, а 66 лица биле уапсени. Во меѓувреме, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, соопшти дека околу 18.000 мигранти се собрале на границата кон Грција и оти бројот може да порасне до 30.000 во текот на денот. Сета оваа најнова тензија и наплив на мигранти, следуваат по воздушните напади на сириската и руската армија во Идлиб, Сирија, во кои загинаа 33 турски војници. Турската влада одлучи да ја отвори границата за сириските мигранти кои во 2015-2016 година ги запре при нивните обиди да мигрираат кон државите на Европската унија.

Latest News

Каракамишева бара рачно пребројување на гласовите

По сите видени небулози, крадење на гласови и други изборни криминали АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ ПАРТИИ ВЕДНАШ да побараат од...

Апасиев не планира да влегува во коалиција со Заев

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на прес-конференција обвини за изборна кражба и најави кривични пријави против членовите на ДИК за овој, како што рече,...

Германија ќе воведе пocтрoги мepки во бopбaтa пpoтив Koвид-19

Германија планира да воведе построги мерки за спречување на коронавирусот на локално ниво и надминување на заканата од втор бран, се наведува во нацрт-договорот...

Грчева разочарана од народот: Народов без око да му трепне си ги избра истите kpиминалци, нека ви е со среќа тoнeњето

Солза Грчева од Глас за Македонија го честиташе гласањето на вчерашните предвремени парламентарни избори, посочувајќи дека граѓаните дале глас на оние кои никогаш не...

ДУИ во Кисела Вода освоиле 44,9% од гласовите, покажуваат податоците на ДИК

Нова изброна нерегуларност се појави на стрнаната на ДИК за предвремените парламентарни избори. Откако претходно имаше нелогичност за победа на ДУИ во струмичко...

More Articles Like This