НА ВИДИК НОВО СЦЕНАРИО НА СДС И АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ: Се подготвуваат да избираат незаконски и влада и без мандат од Иванов

  • May 16, 2017

Копјата се кршат токму околу јавното откажување од . тиранска платформа, што треба да го направи Заев за да ја добие довербата од претседателот и да му биде доделен мандатот. Од СДСМ, пак, и натаму не се изјаснуваат јасно што е тоа што го даваат како гаранција до Иванов, но најавуваат избор на влада.

sobranie_sputnik

Истото сценарио како што се случи во Собранието на 27 Април, така и сега се очекува на тасков ,,див“ и незаконски начин да се избере и Влада на РМ, надвор од сите прописи и процедури предвидени со закон и Деловник. Талат Џафери, во неколку наврати веќе најави дека после изминатиот рок ќе свика собраниска седница на која парламентарното мнозинство би ја избрало новата влада, без оглед дали е доделен мандатот од Иванов.

Сепак, неофицијалните информации говорат дека копјата се кршат токму околу јавното откажување од т.н. тиранска платформа, што треба да го направи Заев за да ја добие довербата од претседателот за да му го додели мандатот. Од СДСМ, пак, и натаму не се изјаснуваат јасно што е тоа што го даваат како гаранција до Иванов.

Но во нивното соопштение пратено утринава се навестува дека немаат намера да отстапат од платформата .

Во истото соопштение, слично како и Џафери, и од СДСМ го најавуваат сценариото од 27 април, да изгласаат влада на начин .

Од ВМРО-ДПМНЕ не го признаваат Талат Џафери поради начинот на кој беше избран, а малку е веројатно дека ќе ја признаат за легитимна и владата која би била избрана со идентична постапка.

На 27 април, после завршувањето на собраниската седница, СДСМ и албанските партии самите си го гласаа Џафери за претседател, надвор од Собраниска Седница, надвор од Закон и деловник за работа на Собранието.

 

Претходно «
Следно »