На Груевски ќе му се суди во отсуство за „Нас илствата во општина Центар“

  • November 16, 2018

Со оглед дека неколку дена е во бегство, Крив ичниот суд по барање на СЈО одлучи за “Нас илствата во општина Центар” на обвин иетиот Никола Груевски да му се суди во отсуство.

Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека постојат важни причини рочиштето да продолжи како и досега.

-Се работи за обвин ителен предлог пред повеќе од две години за повеќе лица, за дејствија преземени во 2013 година и во текот на расправата треба да бидат испрашани повеќе сведоци, а од друга страна воопшто не е познато кога обв инетиот Никола Груевски ќе биде достапен да му се суди во присуство.

Адвокатот Димитар Дангов пак од судот побара постапката за Груевски да се раздвои. Како што рече Дангов, позната била адресата на која се наоѓал Груевски, па затоа тој не бил бегалец, туку го искористил правото да побара азил, но ова барање беше одбиено.

Дополнително на ова обвинителката Фетаи побара да му биде одредена мерка при твор на Груевски и за оваа постапка, но по ова ќе се одлучува дополнително откако Судот ќе го добие барањето за одобрување на притвор на пратеник согласно Деловникот на Собранието.

Во овој предмет обвинет е и ексминистерот Миле Јанакиески. Тој денеска страж арно беше донесен од притворското одделение во Шутка. Неговата адвокатка Сања Алексиќ рече дека веќе се поднесени жалби по однос на притворот на Јанакиески и Кирил Божиновски. Алексиќ рече дека не знае за што разговарале Јанакиески и и претседателот Иванов на нивната средба во вторникот.

-Сметам дека вака донесеното решение со кое се определува прит вор из а двајцата обвинети е повеќе поради неприсутноста на Никола Груевски, меѓутоа и судот во Стразбур има став дека однесувањето на сообвинетите не претставува основ за да се определи притвор на друг, во конкретниот случај ниту на Јанакиески ниту на Божиновски кои не дадоа причина ниту повод да се определи при твор, бидејќи доследно ги почитуваа мерките на претпазливност кои беа определени во јули 2017 година,изјави Сања Алексиќ адвокат.

На денешното рочиште беа сослушани сведоци, кои работеле во општина Центар во 2013 година.

Претходно «
Следно »