НА ГТЦ МУ ТРЕБА РЕКОНСТРУКЦИЈА, А НЕ КАМУФЛАЖА: Жестока дебата во Советот на Град Скопје за „Зелениот кров“ на Шилегов

Поврзано

Извecтyвaњe oд ЈСП: Hoв вoзeн peд пoчнyвajќи oд yтpe – eвe штo тpeбa дa знaeтe

ЈСП информира дека од утре, среда (12.05.2021 година), јавниот превоз ќе сообраќа без временски ограничувања, а билетарниците и центрите...

Авто трки во Македонија, затворен за сообраќај регионалниот пат Кочани – Пониква

Денеска од 11:45 часот регионалниот пат Кочани – Пониква е затворен за сообраќај, поради одржување на „Авто трки“. Инаку, сообраќајот...

Во понеделник и вторник изменет сообраќаен рaжим во Скопје поради странска делегација

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 10 и 11.05.2021 (понеделник и вторник), поради официјална посета на...
- Advertisement -

Уште една интересна и тензична расправа се одвиваше денес на 28 седница на Советот на Град Скопје на која се поставуваа прашања од страна на советниците.

Советникот од редовите на опозицијата и ГРОМ, Александар Трајановски го запраша, а воедно и упати барање до градноачалникот на Скопје, Петре Шилегов да се откаже од намерата за поставување на зелен кров на Гратскиот Трговски Центар, образложувајќи:

Почитуван градоначалник, Шилегов во повеќе наврати кажавте дека „Зелениот кров“ на ГТЦ ви е предизборно ветување, ве замолувам да ја повлечете реализацијата на истото. И други предизборни ветувања ниту ги реализиравте, ниту ги започнавте, така да нема да биде проблем и од ова ветување да ретерирате.

Ако во опозицијата ви сметаше и плукавте по стиропорот и постојано обвинувавте за камуфлажата на објектите, а не суштинска реконстукција, што е поразчино да ставите 20тина дрва и вештачка трева за да го камуфлирате објектот на кој сите знаеме дека е во руинирана и крајно незавидна состојба. На ГТЦ му е потребна реконструкција од темел, а не камуфлажа со гранчиња.

Кога зборуваме за реконстуркција на ГТЦ, кревате раменици и се прогласувате за ненадлежен, за ова ли го браневте ГТЦ со жив ѕид, а за поставување на неколку стебленца, гранки, фонтани и угостителски објект на кровот на иститот објект сепак сте надлежен? Ако ГТЦ не е под надлежност на град Скопје, зашто тогаш сте ветувале проект на нешто за кое град Скопје нема ингеренции, а иститот сега нема проблем да го реализирате?

На ова прашање градоначалникот Петре Шилегов, дојде подготвен со две проекции од евентуалниот изглед на ГТЦ доколку беше опфатен со проектот „Скопје 2014“ и објасни колку ќе ги чинело таквата градба и го правдаше проектот особено затоа што е поддржан од страна на УНДП, во продолжение на своето излагање тој продолжи да зборува за проектот „Скопје 2014“ и да ја критикува претходната локлана, но и централна власт и нафрли дека Трајановски бил против „Зелениот кров“ само за да искритикува нешто на кое сите му се радуваат и сметаат дека е за доброто на градот.

На ова Трајановски му реплицираше, почитуван градоначалник, утврдивме веќе дека сте алергични на стиропор, но не утврдивме што е разликата помеѓу стиропорот и вашите гранчиња за камуфлирање. Јас не сум против зелениот кров на ГТЦ, само сметам дека ако сакате да направите нешто за општото добро на Скопје и неговите граѓани потребна е реконструкција од темел а не да го камуфлираме кровот или дел од крвот, а ако сакате да знаете кој е против еве ќе ви кажам, Асоцијацијата на Архитекти е против, а вашиот проект го нарече детска работа и од оваа гледна точка дали станува збор за стиропор или гранчиња, намената е иста, камуфлажа и ништо повеќе.

Latest News

Koнтpoвepзниoт coвeтник нa Заев, Александар Обрадовиќ, e нoвиoт диpeктop нa EЛEM тpejд

Ќерката-форма на ЕСМ, ЕЛЕМ трејд од денеска официјално има нов директор. За прв човек на фирмата специјализира за трговија...

More Articles Like This