На Дарко несреќета му „помогна да ги најде вистинските пријатели“

  • December 13, 2018

Дарко Лазиќ веќе 13 дена е во бањата Селтерс каде закрепнува од последиците на сообраќајната несреќа, лут е на своите колеги, бидејќи само ретки од нив изразиле желба да го посетат, откако состојбата му се стабилизирала.
Лазиќ наводно се поверил на својата свршеница Марина Гагиќ дека некои колеги за кои бил убеден дека му се пријатели, засекогаш ќе ги избрише од животот, бидејќи сфатил дека со него се дружеле од корист.

Дарко е длабоко разочаран од одредени колеги за кои сметал дека му се пријатели додека не доживеа несреќа. Сфатил дека изреката дека пријателите се познаваат во неволја, во неговиот случај е точна, и сега знае дека одредени луѓе се дружеле со него поради корист. И рекол на Марина дека засекогаш ќе пречкрта некои луѓе.Токму поради тоа решил дека откако ќе оздрави ќе направи забава на која ќе присуствуваат само одбрани луѓе – рекол извор блзикок на пејачот.
Извор:zase.mk

Претходно «
Следно »