Тодор Александров

НА ДЕНЕШЕН ДЕН ЗАПОЧНАЛ СКОПСКИОТ КОНГРЕС НА ТМОРО: На него се потврдил појавениот сепаратизам на Скопскиот револуционерен округ

  • January 2, 2019

На денешен ден во 1905 г. над селото Кнежево, Kратовско, почнал Конгресот на Скопскиот револуционерен округ на ТМОРО.

Тодор Александров

Скопскиот конгрес бил окружен конгрес на Скопскиот револуционерен округ на Македонската револуционерна организација. Започнал со работа на 2 јануари 1905 година и траел една недела. Се одржал во Осоговските Планини над село Кнежево, Кратовско. На него присуствувале 20 делегати, а меѓу нив се нашле Крсто Б’лгаријата, Ефрем Чучков, Атанас Бабата и Тодор Александров.

На конгресот биле разгледани главните прашања кои во целина се однесувале на Македонската револуционерна организација. Овој Конгрес е еден од низата окружни конгреси, а на него се потврдил појавениот сепаратизам на Скопскиот револуционерен округ.

Како главно прашање во работата на Конгресот се наметнало идното уредување на Организацијата. Разгледувањето на оваа прашање започнало со проектот-правилник на Пере Тошев наречен Образец I од Прилепскиот конгрес. Меѓутоа таквиот проект на Тошев претрпел измени од страна на самиот Конгрес особено во поглед Централниот комитет и Задграничното претставништво.

Таквиот преработен проект-правилник, Конгресот решил да стапи во сила веднаш во Скопскиот револуционерен округ за да се зачува единството во работата на Округот , меѓутоа правилникот бил ревидиран и ставен во сила без да биде потврден од еден општ конгрес на Организацијата и тоа претставува израз на сепаратизам од страна на Скопскиот револуционерен округ.

Меѓутоа конфузијата се зголемила откако Конгресот ги прифатил и принципите на Христо Матов (Брут) – Основите на Внатрешната револуционерна организација и Директивата за идна дејност од софиските советувања, притоа дополнувајќи дека Организацијата ќе ги гони сите Срби кој нема да се придружуваат кон нејзините статути.

Конгресот прифатил решенија кој меѓусебно си противречеле и затоа самиот Христо Матов, чии решенија биле прифатени и преовладувале на Конгресот, обвинил за кршење на единството во Организацијата.

Претходно «
Следно »