На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 414 пациенти

Поврзано

Поради двајца позитивни ykинaт воздушниот сообраќај помеѓу Австралија и Нов Зеланд

Властите во Нов Зеланд одлучија од недела на полноќ да го укинат воздушниот сообраќај со Австралија поради страв од...

Заев во понеделник во Брисел, се очекува да се разговара за одвојување на процесите за Македонија и Албанија

Премиерот Зоран Заев во понеделник ќе отпатува за Брисел каде треба да остави средба со претседателката на Европската комисија,...

СЗО со препораки за вакцинација на децата, еве кога е најдобро да се вакцинираат

Да не се брза со вакцинацијата против ковид на децата од 12 до 18 години, туку прво да се...
- Advertisement -

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 414 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 50 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 65, во ковид центарот во Гостивар 9, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 33 пациент, во Кочани 7, во Кичево 8, Кавадарци 37, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 655 и има околу 410 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Latest News

Од турски агол: Америка сака да ја врати Русија во 90-тите

Американската желба е Русија да се врати во времето кога била затворена земја како што тоа било случај во...

More Articles Like This