September 19, 2020, 4:04 pm

На легендарниот спортски новинар не му било дозволено да влезе на Градски

Поврзано

ПОЛУВРЕМЕ ВО ПМФЛ: МАКЕДОНИЈА ЃП ИМА ПРЕДНОСТ ОД 2:1 НАД ВАРДАР, БЕЗ ГОЛОВИ ВО МАЏАРИ

Македонија ЃП со двата гола на Калид, има водство од 2:1 над Вардар на полувремето на дуелот во Ѓорче...

ВИДЕО: Ова се случува само во Романија – Хрват си даде ефектен автогол

Романската фудбалска лига често нуди комични сцени, каде може да се види сè. Сега, фудбалер на Астра си даде...

Михајловиќ се отвори: Ќе умрев ако…

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ мина низ доста работи во изминативе месеци, година, прво се бореше со леукемија за...
- Advertisement -

Доајенот на македонското спортско новинарство, кој сè уште е активен како новинар, легендарниот Зоран Михајлов, вчера не го пуштиле на Градскиот стадион во Скопје да го следи и известува од фудбалскиот натпревар помеѓу Вардар и Борец.

„И тоа ми се случи.
По повеќе од 56 години работа како спортски новинар, вчера вратата на Градскиот стадион во Скопје за да го следам и известувам од мечот меѓу Вардар и Борец, од првото коло на ПМФЛ, за мене беше затворена!

Објаснувањето на вратарот беше дека не сум во списокот според протоколот.

Бев изненаден, почнав да му објаснувам кој сум и што сум, иако ме познаваше,но ништо не помогна. Не помогна ниту легитимацијата од АИПС (Светската асоцијација на спортски новинари) со која сум влегувал дури и на дерби натпреварот Милан-Интер и Барса-Реал, но овде за вратарот таа не значеше ништо, иако таа легитимација има вредност дури и на пасош. Ова го велам од искуство, зашто иако немав виза-со АИПС легитимацијата ми беше дозволен влез во Ница во Франција, за потоада продолжам за Монако и да го следам мечот меѓу Монако и АЕК, за кој настапуваше нашиот Тони Савевски.

Ете, толку е вредна и силна таа легитимација, која овде за нашите малограѓански сфаќања изгледа пет пари не вреди. Исто така не помогна и втората легитимација, онаа од ФФМ со која можам да влегувам на сите фудбалски натпревари на територијата на нашата државца. Значи, пропусниците не ми помогнаа. За прв пат во 56-годишната кариера беспомошен стоев пред Градски, зашто не сум човек според протоколот. Си реков, ајде сега да одам на втората варијанта. Му се јавив на мојот добар пријател- претседателот на Вардар Мирко Спасески, кој сум го следел, коментирал и пишувал за него уште кога беше активен фудбалер. Се обиде да ми помогне објаснувајќи му на делегатот господинот од Кичево Зердевски, за која личност се работи. Но, од него не доби амин за мојот влез во стадионот. Исто така не помогна и интервенцијата на тренерот на Борец син ми Горазд, кој заедно со Спасески го убедувале Зерде дека не е коректно да не влезам во празниот стадион. Не знам одговорот бил дека не сум меѓу оние 6 новинари, кои според протоколот (не знам кој го измислил тоа) можеле да бидат присутни на стадионот!

Замислете нема гледачи, а има и ограничен број известувачи, кои ако евентуално нема тв пренос, би ја пренеле атмосферата и играта за да бидат задоволени фудбалските љубители. Па, на крајот од краиштата,се прашувам – која е работата на делагатот? За да го оправда хонорарот кој повеќе од 30 години го добива како делегат треба да решава и вакви ситуации. Инаку, ионака стадионот е празен, без публика, кога нема никакви провокации од трибините и неговиот тефтер останува празен. Тоа што го прави тој, да ги проверува книшките на фудбалерите може во вакви услови на пандемија и штедење да го прави на пример 4-тиот судија.

И јавувањето на портпаролот на ФФМ директно кај вратарот да му објасни за кого се работи и дека треба да ми дозволи да влезам, беше бескорисно. По сето ова што можев да сторам, освен да се вратам дома и на тв да го следам натпреварот. Но, револтот тлееше кај мене, најмногу од непочитта кон еден од последните живи спортски новинари, кој дел од животот го минал токму на Градски.

Зерде заборавил дека бев и генерален секретар на ФК Вардар од 1981 до 1984 година, кога се создаваше онаа шампионска Вардарова генерација. Тој се држаше, ајде да не сум вулгарен и да кажам друг збор за – протоколот. Иако бев „наоружан“ со сите потребни влезници, маска, ракавици, ако требаше и маратонките ќе ги дезинфицирам, зашто носев и шишенце со алкохол, сепак останав зачуден и немо гледав кон едниот гол, каде се загреваа голманите, можеби за последен пат во животот, зашто по ова понижување што го доживеавптред себе се заколнав оти на фудбал повеќе нема да одам.

Мојата кариера како спортски новинар не завршува, но како фудбалски новинар и гледач е завршена. Дури нема да згазнам на трибините, кога за жал – ќе игра и македонската репрезентација. Со фудбалот со кој сум од мали нозе и се сеќавам дури и на оној меч меѓу Југославија и Израел, и голот со глава на Милош Милутиновиќ, конечно раскрстувам. Она што ми се случи вчера за мене беше понижувачко. Замислете, ако пред вратата дојдеше легендарниот Дарко Панчев и вратарот му речеше „не можеш да влезеш, не си во протоколот“!? Е, ова може да се случи само кај нас, земја во која не се почитуваат легендите. Затоа, сум јас тука, па наскоро очекувајте ја монографијата што ја напишав токму за кариерата и животот на Панчев. За фудбалот, верувајте, тоа ќе биде мојата последна сторија.“ револтирано реагира на Фејсбук легендарниот спортски коментатор Зоран Михајлов.

Latest News

Предлог до Владата: Лекар во секое училиште

Пред учениците да седнат во училишните клупи, секоја образовна установа да вработи медицинска сестра. Асоцијацијата на специјализанти и млади...

Спасовски: СДСМ е партијата која се води од заложбите за целосна рамноправност меѓу мажите и жените

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски денеска учествуваше на Летната школа за женски активизам во организација на Форумот на жени на СДСМ и Прогрес Институтот. Во...

Дали така ќе биде и со kopoната: Се поголем број на луѓе се имуни на CAPC

Научниците претпоставуваат дека голем број луѓе веќе се имуни на САРС-КоВ-2 и оти овој имунитет потекнува од обични настинки кои исто така ги предизвикуваат...

Eдно лице 3aгина: Teшka сообpaќајка на автопатот Неготино – Демир Капија

Загина едно лице, а три се повредени, откако возило со скопски регистарски таблички се преврте на автопатот Неготино – Демир Капија. Портпаролот на СВР Велес,...

Девојка физичко нападната во Скопје

Вчера во 16.50 часот во СВР Скопје, В.М.(29) од Скопје пријавила дека во 16.15 часот на ул.„Никола Киров Мајски“ била физички нападната од непознато...

More Articles Like This