НА МИЈАЛКОВ ЌЕ МУ СЕ СУДИ ЗА МАСОВНО ПРИСЛУШУВАЊЕ: Одбиено барањето со кое се повикуваше на амнестијата на Иванов

Поврзано

Груевски најави нова фабрика на Кемет Електроникс во Македонија

Деновиве, се очекува Кемет Електроникс кои веќе 7-8 години имаат фабрика за електронски компоненти во автомобилската индустрија во ТИРЗ...

Ќe имa и kpивички приjaви пpoтив бетонизациjaтa нa цeнтpaлното гpaдcко подpaчје

Бетонизацијата на Скопје, надвор од пропис и надвор од јавниот интерес за загадувањето и екологијата на градот ја одобрија...

Пayновски држи до интегритетот: И пo цена да сум paзpeшен, нema да ги прифатам сите 35 „рамковни“ во Инспектopaтот

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски вели дека нема да попушти, околу вработувањата на рамковните административци во неговата...
- Advertisement -

Се одбива барањето на обвинтите Сашо Мијалков и на Валентина Симоновска да не им се суди за нелегалното масовно прислушување за што се обвинети во предметот Таргет и Тврдина, рече на денешното судско рочиште судијката Џенета Бегтовиќ.

Барањето да не им се суди го поднесоа адвокатите на обвинетите кои се повикаа на амнестијата на претседателот Ѓорге Иванов за овие обвинети. Судијката, пак, образложи дека барањето е одбиено бидејќи при оцена на обвинителниот акт веќе било одлучено за оваа околност, односно дека обвинетите не се амнестирани.

На денешното рочиште обвинителот Трајче Пеливанов побара судот да го отповика решението за издвојување на постапката за обвинетата Гордана Јанклоска, и да и се суди заедно со останатите обвинети. Решението за оздвојување на постапката за Јанкулоска беше донесена бидејќи таа беше бремена, но сега, бидејќи таа присуствува на останатите рочишта каде што е обвинета за други предмети на СЈО, а овој случај се уште не започнал, обвинителството предлага да се води единствена постапка со сите обвинети.

Дали на Јанкулоска ќе и се суди издвоено или не ќе биде познато на наредното судско рочиште закажано за 13 септември.

Latest News

(Видео) Пандов: Уставобранителите не сакаат амнестија, тие сакаат фер и правично cyдење за да докажат дека во собранието влегле од чисти патриотски побуди

Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во своето гостување во вонредното издание на емисијата Неделен брифинг на...

More Articles Like This