September 24, 2021, 7:25 pm

На Охридското езеро му се зakaнува катacтрофа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унеско пред неколку дена потврди дека Охриското крајбрежје ќе биде ставено на листата на загрозени места. Претходните предупредувања не беа доволни да ги спречат дел од жителите и инвеститорите да градат во текот на годината, па така што поблиску до брегот „никнаа“ ресторани, викендици, барови, хотели, пишуваат медиумите од регионот.

Еко-активистите постојано го нагласуваат проблемот со нелегалното градење, сечата и илегалниот риболов, како и проблемот со пренасочување на речните текови и изградбата на патишта. Се проценува дека третина од зградите во градот својот канализациониот отпад го изпуштат директно во езерото.

-По 30 години негрижа нормално е УНЕСКО да го губи трпението, изјави градоначалникот на Охрид Констадин Георгиевски.

Под притисок на меѓународните тела, Владата на С. Македонија започна да ги затвора локалните ресторани, констатираат дел од медиумите.

Одлуките на УНЕСКО се противат на предприемачите кои сметаат дека со уривањето на објектите ќе се влијае на локалната економија. Од друга страна, еколозите не сакаат да го земат овој аргумент во предвид бидејќи Охридското Езеро е природно и културно богатство од највисок ранг со кое располага земјата.

Latest News

(Видео) Лавата yништи сѐ пред себе: Еваkyирани уште три града на Канарските острови

Властите на шпанскиот остров Ла Палма наредија евакуација на градовите Тахуја, Таканде де Абахо и делови од Таканде де...

More Articles Like This