НА ПОВИДОК ТРГОВСКА ВОЈНА ПОМЕЃУ ЕУ И САД: Европската Унија ќе реагира соодветно на ударот од САД

  • January 29, 2018

Европската унија е спремна оперативно да реагира ако Америка го ограничи нејзиниот извор, рекол прес-секретарот на Европската комисија Маргаритис Шинас на брифинг за новинарите

„Ние во Европската унија веруваме дека трговијата треба да биде корисна за сите. Веруваме и дека треба да биде отворена и чесна, заснована на правила. ЕУ е спремна брзо и на репектибилен начин да реагира, ако нашиот извоз биде ограничен од трговските мерки од страна на САД“, коментира Шинас за изјавата на Доналд Трамп за тоа дека Брисел во трговијата се однесува нечесно кон Вашингтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера призна вчера дека постојат „многу проблеми со ЕУ“ кога станува збор за трговската размена. Американскиот лидер нагласи дека американските производи „многу тешко влегуваат на европскиот пазар“.

Претходно «
Следно »