НА ПОГРЕШНО МЕСТО ВО ПОГРЕШНО ВРЕМЕ: Функционер на ДУИ открива повеќе детали за престрелката во Мала Речица

  • April 6, 2018

На погрешно место, во погрешно време. Ова е коментарот на висок функционер на ДУИ за Плусинфо, за вечерашната престрелка помеѓу двајца членови на партијата, која се случи во Мала Речица, при што едно лице загина, а другото е повредено.

Функционерот ни потврди дека убиениот е Наип Реџепи и дека престрелката била помеѓу две спротивни крила на ДУИ во Куманово. Тој брифира дека станува збор за ривалски групи во кумановската филијала на партијата и дека престрелката била и поради политички, но и семејни недоразбирања меѓу сега убиениот и повредениот член.

Функционерот потврди и дека лицата биле до седиштето на ДУИ во Мала Речица, но негира дека биле во објектот. Тој за Плусинфо вели дека најверојатно биле дојдени како придружба на пртиски функционери, бидејќи попладнево во седиштето имало состаноци со функционери на ДУИ, меѓу кои и од Куманово.

Тешко повреден и во животна опасност од денешниот инцидент во Мала Речица е Флорим Мисини од Куманово, пишува весникот на албански јазик Коха.

Флорим е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Тешко повреден е и близок роднина на убиениот во инцидентот Наип Реџепи.

Како што јавија медиумите на албански јазик вооружената престрелка се случила попладнево во тетовска Мала Речица меѓу две ривалски групи на ДУИ.

Наим Реџепи од Куманово е лицето кое вечерва било убиено во Куманово во вооружен судир помеѓу две групи пред седиштето на ДУИ во Мала Речица, пишува ТВ Шења.

Според истите извори, на оваа пресметка и претходела расправија помеѓу двете групи.

Од МВР потврдија дека во инцидент во Мала Речица едно лице е убиено, а едно повредено.

EDICION SPECIAL 05.04.2018

Posted by Tv Shenja on Thursday, 5 April 2018

Покрај смртта на лице место на Наип Реџепи од Куманово, сериозно повредени вечерва во Мала Речица се здобија С.Р. и Ф.М., и двајцата од Куманово. Вториот, поради сериозни повреди, веднаш бил однесен во Клиничкиот Центар во Скопје и се дознава дека е во сериозна здравствена состојба.

Во меѓувреме, полицијата веќе уапсила две осомничени лица за напад со огненото оружје и тоа Б.Р. од Куманово и Л.Б. од Албанија. Додека во меѓувреме се следи еден автомобил. Во моментов, големите полициски сили ја држат опколена Мала Речица и работат на наоѓање на убиецот и расветлување на случајот.

Едно лице загина, а двајца се повредени. Наип Реџепи од Куманово е лицето кое вечерва е убиено во Мала Речица.

Последната објава на неговиот фејсбук профил е од 11 март на која пишува “Многу се раѓаат Машки но малку умираат Мажи”


Голем број на полициски сили го чуваат полицискиот објект на влезот од градот во Куманово, особено кај Диво Насеље, јавува дописникот на порталот „Алмакос” од Куманово.

Полицијата е во голем број поради две причини, првата е убиството во близина на седиштето на ДУИ во Речица, а другата причина е одлуката за Алмир што ја донесе судот.

Граѓаните се вознемирени од зголеменото присуство на полицијата во овој град.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во соопштение до медиумите ги демантира информациите дека во седиштето во Мала Речица имало пресметка или инцидент.

– Демократската унија за интеграција и денес, како и секој друг ден, продолжува со своите вообичаени активнопсти. Ја демантираме секоја информција во врска со тоа дека денес во ДУИ имало пресметка или инцидент. Ние како политички субјект немаме и не може да имаме одговорност за инцидентите кои немаат врска со Демократката унија за интеграција и за Демократската унија за интеграција, се вели во соопштението на ДУИ

Едно лице загина, а двајца се повредени. Наип Реџепи од Куманово е лицето кое вечерва во Малата Речица е убиено, неофицијално информира весникот на албански јазик КОХА, а рането било уште едно лице исто така од Куманово. Според она што е досега познато, непознати лица кои биле во два различни автомобили, застанале на улица и почнале пресметка со огнено оружје.

Весникот пишува дека жртвите биле застрелани на излегување од штабот на ДУИ. Тие се уптаиле кон главниот пат каде што настанало и убиството на кое му претходела групна тепачка во која според информациите на весникот се користеле и ножеви. Ситуацијата ексалирала кога учесниците во инидентот посегнале по оружјето.

Според Коха сеуште не се знае точниот број на повредени. Неофицијалните извори на весникот велат дека судирот бил помеѓу две ривалски политички групи од Куманово.

Директорот на болницата во Тетово, Флорим Бесими, за Portalb.mk потврди дека во денешниот настан во тетовска Мала Речица, кај седиштето на ДУИ, има тројца ранети.

Тој рече дека засега не е познато дали има и починати лица, додека пак еден од повредените е во критична состојба и е испратен во скопската Клиника.

Бесими за порталот додал дека не може да открие повеќе детали бидејќи се прави увид од страна на полицијата и истражните органи кои се на терен.

Претходно «
Следно »