На Попова Шапка утрово измерени -16 степени

Поврзано

Пpoгнoзa нa УХМР: Пpoмeнa нa вpeмeтo oд пeтoк, згoлeмeнa o6лaчнocт и пoниcки тeмпepaтypи

Топлото време ќе се задржи уште утре, а од петок метеоролозите најавуваат промена на времето и заладување. -Утре ќе се...

Дeнec coнчeвo вpeмe co ceвepeн вeтep, yтpинcкитe тeмпepaтypи пoд нyлaтa

Времето во земјава ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од...

Дeнec нe oчeкyвa coнчeвo вpeмe co мaлa дo yмepeнa лoкaлнa o6лaчнocт и тeмпepaтypa дo 16 cтeпeни

Времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието...
- Advertisement -

Минусни температури изутрина во седум часот се регистрирани во целата држава, а најстудено е на Попова Шапка, каде се измерени -16 степени. Во Берово и Маврово се регистрирани -15 степени, -14 во Крушево и Претор, -13 Битола, -12 Охрид, -11 Крива Паланка, -10 Прилеп, -8 Тетово, -7 Штип, Струмица, -6 Куманово и Демир Капија, -5 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Дојран, а во Гевгелија – 3.

Висината ан снежната покривка на Попова Шапка изнесува 32 сантиметра, 20 во Битола, осум во Крушево, седум во Маврови Анови, а по шест односно пет сантиметри во Охрид и во Претор и Ѓуриште, два во Крива паланка и еден во Пожаране.

УМХР за денеска најави сончево време со мала до умерена облачност и студено. Во текот на денот облачноста ќе се зголеми, особено во северните делови, каде во текот на ноќта ќе има услови на места да провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена, а до крајот на денот со значителна облачност. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде околу 0 степени.

Во наредните денови, информираат од УХМР, следува период на стабилно и студено време со многу ниски утрински температури, а и дневните до вторник во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Од понеделник до среда ќе биде претежно сончево, а од четврток облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има услови за локални врнежи од дожд.

Latest News

Тасева: Високата kopyпција е во високите ешалони на власта

Кога и да се објавеше индексот секогаш одеше како коментар од Владата дека тоа е само перцепција, и тоа...

More Articles Like This