December 8, 2021, 5:44 am

На пoлицаjците кои тeпaа мигpанти во Хрватска им се зaкaнува 10 години зaтвoр

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватското државно обвинителство нареди истрага против припадниците полициски сили, кои беа снимени како тепаат мигранти на нрватско-босанската граница, поради сомневање за сторено кривично дело нечовечко и сурово постапување.

На тројцата сторители им се заканува затворска казна до 10 години, пишува загрепски „Јутарњи лист“.

Окружното државно обвинителство во Карловац побара истрага откако снимките беа објавени во емисијата „Потрага“ на хрватската РТЛ – објави окружниот државен обвинител, Вера Магдиќ-Бижановиќ.

Се наведува дека станува збор за кривично дело малтретирање и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, за што е предвидена затворска казна до 10 години.

Властите соопштија дека тројца припадници на специјалната полициска единица тепале мигранти, поради што тие се суспендирани и против нив е поведена дисциплинска постапка.

Latest News

Бајден по разговорот со Путин ќе се консултира со европските сојузници

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за исходот од денешниот руско-американски видео-самит со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка...

More Articles Like This