На светот повторно му се зaкaнyвa кaрaнтин поради кoрoнaвиpycот

Поврзано

Германските ученици се вратија во училишните клупи

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави...

Како на филм – Пoбeгнaлe од зaтвop од 12 кат со вpзaни чаршави

Бегство од затвор како на филм се случи во затвор во Оклахома. Двајца затвореници побегнаа од затворот на 12...

Хутите тврдат дека coбopилe американски дpoн во северен Јемен

Јеменските бунтовници Хути тврдат дека собориле американски дрон над областа Харад, северен Јемен. На сателитската телевизија Ал Мазир емитувана е...
- Advertisement -

Во светот од коронавирус се заразени повеќе од 13 милиони луѓе, а речиси 580 илјади се починати, покажуваат податоците од Универзитетот Џонс Хопкинс. Се проценува дека бројот на заболени е многу поголем од потврдениот поради низа причини, меѓу кои е и ограниченото тестирање.

Земјите во светот повторно воведуваат рестриктивни мерки и контрола на границите за да го сузбијат повторното ширење на ковид-19, пред да излезе од контрола заразата.

Од вчера сите патници кои влегуваат во Грција на границата со Бугарија треба да имаат потврда за негативен тест на коронавирус, кој не е постар од 72 часа и да биде преведен на англиски јазик. Новите правила, усвоени по растот на бројот на случаи поврзани со доаѓањето на туристите, веднаш доведоа до пад на бројот на патници.

Рестрикциите повторно стапија на сила во Хонгконг, каде јавните собири се ограничени на четворица луѓе, на рестораните по 18 часот им е дозволена само достава на храна, а на една недела затоврени се и теретаните, баровите и другите бизниси. Во јавниот превоз за првпат е задолжително носењето на маски, а казна ќе има за оние кои нема да носат.

Израел минатата недела повторно воведе мерки за сузбивање на коронавирусот. Ги затвори големите концертниу сали, баровите и клубовите. Во подрачјата со висока стапка на заразени воведени се рестрикции што доведе до протести.

Експертите предупредуваат дека ќе мора повторно да се затвори целата земја ако не се намали бројот на заболени во наредните неколку дена.

Во Јужноафриканската Република веќе се видливи знаците на преоптеретеност со пандемијата – што е многу лош сигнал за останатиот дел од континентот. Оваа недела е воведена забрана на продажбата на алкохол и полициски час за време на вечерта за да се намали бројот на случаи во итната помош, додека болниците се обидуваат да примат голем број на заболени од коронавирус.

Во Шпанија, властите во Каталонија се обидуваат да сузбијат ново жариште, а здравствените работници предупредуваат дека е потребно подобро и поголемо следење на контактите со заразените. Од вторникот на полноќ, 160 илјади жители на градот Љеида и околните подрачја можат да ги напуштат своите домови само со адекватно оправдување. Таа област е блокирана, а пред сите општини има полициски контролни пунктови. Баровите и рестораните работат само со испорака на храна.

Во Јапонија пак гувернерката на Токио Јурико Коике рекла дека ширењето на заразата ескалирало до алармантно ниво и побарала од граѓаните и бизнисите да ги почитуваат превентивните мерки.

Белорусија во меѓувреме најави отворање на границите со Русија и обновување на сообраќајот меѓу двете земји во следните денови.

Latest News

Државата ја втypнyвaат во цpвeнaтa зона на пpeзaдолжeноcт, дoлгoт достигна 59,5%

Лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, на својата официјална Фејсбук страница напиша статус во кој што објави податоци од Министерството за...

Три cмpтни cлyчаи, 74 нoвoзaбoлeни

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8,...

Eкcплицитнo фото: Рита Ора тoплec на плажа

Британската поп-ѕвезда со косовски корени, деновиве е на Ибица, каде одмара со друштво и со десет години постарото момче. Рита Ора веќе неколку месеци...

Мицкоски: Државата ја втурнувaaт во цpвeната зoнa на пpeзадолженocт, дoлгoт дocтигна 59,5%

Лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, на својата официјална Фејсбук страница напиша статус во кој што објави податоци од Министерството за финансии во кои стои дека...

Германските ученици се вратија во училишните клупи

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави која ги прекина летните одмори....

More Articles Like This