НА 15-ТИ ОКТОМВРИ ЌЕ ЈА ВИДИТЕ ВИСТИНСКАТА АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе победи, прашањето е дали Заев ќе си го одржи зборот и ќе си поднесе оставка!

  • September 18, 2017

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешната дебата во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5, на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски му порача дека вистинската анкета ќе биде на денот на изборите.

-Денот на изборите беше на 11 декември кога на народот на Зоран Заев му порача „Господине Заев вие сте минато, бидејќи дадовте збор“. Заев за жал не го испочитува тоа, но повторно ќе кажам, тоа е момент кој внатрепартиските органи на Социјал-демократскиот сојуз треба да одлучат, посочи Мицкоски.

Тој го осуди потегот на Заев кој пред граѓаните на Македонија пред одржувањето на парламентарните избори во декември минатата година истакна дека доколку загуби на изборите, макар и за еден глас, ќе си поднесе оставка, но тоа никогаш не го направи.

-За денот на изборите, ќе видиме која анкета била во право и кој не бил во право. Граѓаните ќе бидат тие кои ќе ја испорачаат вистинската анкета. Јас ви гарантирам дека граѓаните повторно ќе му кажат на Заев дека треба сериозно да размисли да го испочитува дадениот збор во декември месец, за време на парламентарните избори 2016 година, истакна Мицкоски, додавајќи дека треба да се почека онаа вистинската анкета на денот на изборите.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ појасни дека партијата на овие избори влегува максимално мобилизирана по вертикала – од долу, нагоре.

-Од Месните комитети до врвот на партијата, до Извршниот комитет, апсолутно сме мобилизирани. Присутни сме секојдневно на терен, тоа може да се потврди од секојдневните комуникации со граѓаните, со активистите на партијата, со поддржувачите на партијата, но и оние кои се критичари, посочи Мицкоски.

Напомена дека ВМРО-ДПМНЕ е во комуникација со сите граѓаните на Република Македонија без разлика нивната национална, верска или партиска определба.

Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде сигурен победник на локалните избори.

 

 

Претходно «
Следно »