НЕБАЛАНСИРАН ПРИЛОГ НА ДЕНОТ: Пензионерките кои им приредија кошмар на членовите на „ад-хок“ телото!

  • October 3, 2016

Две пензионерки фатени од камерата на Канал 5 телевизија во рамките на нивната утринска програма Здраво Македонијо, во плодна и пријателска дебата ги вкрстуваат нивните аргументи околу статусот и положбата на пензионерите во времето на СДСМ и во време на ВМРО-ДПМНЕ.
zdravo-mak-640x357

„Јас сум за ВМРО, она е за друга партија“, вели порасположената баба во пријателскиот муабет. Дебата се разгорува, па покрај за примањата на пензионерите зафаќа и други општествени теми. За среќа на водителот и уредниците во Сител, бабичките на клупата декларираат различни политички гледишта.

Дали телевизијата ќе биде казнета затоа што и бабата која навива за СДСМ се сложува дека пензиите се добри – ќе видиме по некој од наредните извештаи на АВМУ. Видеото достигна виралност на македонскиот дел од интернетот, а има и зошто.

Секој дополнителен коментар е излишен – бабичките на денот зборуваат сами за себе:

Претходно «
Следно »