October 18, 2021, 5:07 pm

Неверојатни историски поклопувања: Настани за кои нема да верувате дека се случиле истовремено

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Волнестите мамути и египетските пирамиди, Мачу Пикчу и Сикстинската капела, укинувањето на ропството и пронаоѓањето на iPod-от… и уште 13 работи за кои воопшто не би помислиле дека се случиле речиси истовремено.

1. Ана Франк и Мартин Лутер Кинг

Ана Франк и Мартин Лутер Кинг се херои и историски симболи. И двајцата се родени во 1929 година.

2. Последното погубување со гилотина и „Војна на ѕвездите“

Последното погубување со гилотина во Франција се случило по премиерата на првиот филм „Војна на ѕвездите“ со наслов – Епизода IV: Нова надеж.

Воведена за време на владеењето на Луј IV, гилотината останала во употреба речиси два века по неговото владеење, па така за последен пат била употребена на 10 септември 1977 година, речиси четири месеци по проектирањето на првиот филм од серијалот „Војна на ѕвездите“ во киносалите.

3. Оксфордскиот универзитет и царството на Ацтеките

Еден од најпознатите универзитети во светот, универзитетот во Оксфорд датира од 1096 година, но во 1231 година бил официјално прогласен за универзитет. Царството на Ацтеките на кое често му се придодава епитетот древно, било основано околу 1430 година, речиси 200 години откако Оксфорд официјално станал универзитет.

4. Фашистичка Шпанија и Мајкрософт

Од октомври 1936 до ноември 1975 година со Шпанија владеел фашистичкиот диктатор Франциско Франко. Во мај 1975 година во Ново Мексико, САД, Бил Гејтс и Пол Ален ја основале една од најважните светски компании, Мајкрософт.

5. Укинување на ропството и првиот iPod

Стив Џобс во 2001 година го промени светот кога ја дизајнираше првата верзија на iPod. Со меморија доволна за 1.000 до 2.000 песни и батерија која траеше 10 часа, првата генерација на iPod сега се наоѓа во историските музеи. Пет години подоцна, во исто време кога беше пуштена во продажба шестата генерација iPod, беше укинато ропството во Мавританија, последната земја во светот каде што ропството сè уште беше законско во 21 век.

6. Волнестите мамути и египетските пирамиди

Пирамидите во Гиза се една од најголемите мистерии во светот – која е тајната што се крие зад прецизниот начин на градење?

Пирамидите биле изградени помеѓу 2550 и 2490 п.н.е., и тоа во период кога праисториските волнести мамути сè уште биле присутни на Земјата. Последниот животински вид од периодот на ледената доба изумрел околу 1650 година п.н.е., околу 900 години по изградбата на пирамидите.

7. Династијата Јуан и битката кај Креси

Склони сме кон тоа да го замислуваме развојот на оружјето во линеарна насока, ама историјата покажува дека не е така. Најстариот бронзен пиштол што користел барут е пронајден за време на кинеската династија Јуан околу 1332 година.
По десет години, во битката кај Креси помеѓу француската и англиската војска која завршила во 1346 година се користел самострел како оружје.

8. Падот на Римското Царство и откривањето на Америка

Источното Римско Царство (познато како Византија) пропаднало во 1453 година кога било освоено од страна на отоманските Турци. Четириесет години подоцна, во 1492 година, Кристофер Колумбо се вкотвил на северноамериканското копно. Тоа значи дека многумина од луѓето кои се сметале себеси за Римјани (една од најстарите цивилизации во светот) слушнале дека бил откриен нов континент.

9. „Ѕвездена ноќ“ и Нинтендо

Веројатно никогаш не ви би паднало на ум да ги сместите во ист временски период првите видео игри и сликата со масло на платно од 19 век. Винсент ван Гог го насликал своето ремек-дело „Ѕвездена ноќ“ во 1889 година додека престојувал во санаториум, истата година кога и била основана корпорацијата Нинтендо.

10. Човечки геном и племето Сентинели

Во 2006 година, научниците кои работеа на проектот за човечки геном го докомплетираа целосниот геном со определување на секвенцата на Хромозом 1. Оваа важна вест за науката и технологијата се појави истовремено кога дојде веста дека изолираното племе Сентинели убило двајца индиски рибари кои се приближиле на островот каде живее племето.

11. Османлиското царство и Чикаго Кабс

Бејзбол тимот Чикаго Кабс освои титула во 2016 година при што за последен пат ја имаше освоено 98 години претходно, во 1918 година.

Османлиското царство кое било основано во 1299 година пак, не пропаднало во 1918, напротив, продолжило уште пет години по тоа, што не може да се каже и за успехот на овој бејзбол клуб.

12. Харвард и кралот Луј XIV

Универзитетот Харвард, најстарата образовна институција во Америка, е основан во 1636 година и го добил името по својот добротвор, Џон Харвард.

Две години подоцна, во 1638 година е роден Луј XIV кој станал крал кога имал само четири години.

13. Мачу Пикчу и Сикстинската капела

Изградбата на Мачу Пикчу започнала во 1450 година, само 23 години пред почетокот на изградбата на Сикстинската капела во 1473 година.

14. Махатма Ганди и Адолф Хитлер

Едниот е симбол на мирот, другиот на теророт и омразата, а сепак и двајцата живееле во исто време. Хитлер починал во 1945 година, а Ганди бил убиен три години подоцна, во 1948. Во еден момент, Ганди му напишал писмо на Хитлер молејќи го повторно да размисли во врска со војната.

15. Њутновите закони и судењето на вештерките од Салем

Исак Њутн во 1686 година направил пресврт во физиката кога ги објавил своите три закони на движењето. Пет години подоцна, започнало судењето на вештерките во Салем. Чудно е како суеверието опстанало и покрај таквите важни научни откритија.

16. Леонардо да Винчи и царот Константин XI Палеолог

Константин XI Драгош Палеолог бил последниот византиски цар. Умрел во мај 1453 година на денот кога паднал Цариград, а во тоа време, познатиот ренесансен уметник Леонардо да Винчи само што го прославил својот прв роденден (бил роден на 15 април 1452 година).

Latest News

Расте предноста на Арсовска, Шилегов губи со над 7500 гласови

Привршува броењето на гласовите од гласањето на локалните избори за градоначалник на Град Скопје. Досега се преброени 98,10%, а...

More Articles Like This