НЕВЕРОЈАТНО: Заев ги набеди граѓаните дека имаат одговорност заради неуспехот на неговата Влада

  • April 24, 2019

Поприлично сум добро информиран и знам да го слушам тоа што го зборуваат граѓаните. Пораката допре до мене, промени ќе има, а тоа треба да допре и до носителите на власта, како на овие сегашните, така и на тие што ќе дојдат по нив. Но, и граѓаните ќе треба да си ја прифатат одговорноста и да излезат да гласаат во вториот круг од претседателските избори на 5 ма“, рече Заев на прес-конференција за посетата на папата Франциск.

Тој кажа дека нивните анализи покажале оти слабиот резултат на изборите не е поради промена на името и уставните измени, ниту поради Законот за употреба на јазиците, бидејќи на референдумот излегле 669.000 граѓани, а ако опозицијата била против тогаш и нивните гласачи ќе ги бојкотираа изборите.

Оние што се незадоволни одлучија преку нивното седење дома да го искажат своето незадоволство. Не се точни ни изјавите од опозицијата дека имаат голем скок, бидејќи нивните гласови се за 10 отсто помалку отколку на локалните избори. Овде не станува збор само за гласачите од коалициониот партнер и другите партии, туку и нашите гласачи разочарани од одредени функционери и политичари го искажаа своето незадоволство. Има и такви кои не така чесно им служат на граѓаните, други пак бавно ги спроведуваат админстративните процедури. Дел од од нив се отуѓија од народот и се поставија високо над граѓаните, рече Заев.

Тој кажа дека најавените промени ќе ги спроведат по изборите, бидејќи тоа не може да се направи во време на изборен циклус, а дека пред да бидат распишани изборите на 8 февруари, во тек биле и уставните измени и тогаш не биле можни вакви промени. Премиерот рече дека не се става над нив, и дека таму каде треба да има промени, промените ќе ги прават во самите институции.

Тој смета дека опозицијата нема да ги бојкотира изборите, и оти се надева на поддршка од албанската етничка заедница, бидејќи нивниот кандидат нуди иднина со и во ЕУ.

Не верувам дека опозицијата ќе бојкотира, а нема да бојкотира ни власта. Сепак, граѓаните се тие што одлучуваат и не случајно е ставен цензусот од 40 отсто, оти се слуша народот. Се надевам дека ќе има излезност и дека ќе се избере претседател, оти во спротивно ќе има нови амнестии и аболиции, нови кочници. Тоа се многу проблеми кои не ни се потребни. Изборите се прекрасна алатка за да научиме на грешките. Фала богу, има втора шанса. Оние 80.000 граѓани што ги дадоа гласовите за Блерим Река се надевам дека ќе излезат во вториот круг и ќе помогнат на својата земја да избере претседател, рече Заев.

Претходно «
Следно »