НЕВЕРОЈАТНО: Романец пред судот не успеал да докаже дека е жив

  • March 16, 2018

Судот во Романија ги отфрлил тврдењата на еден човек дека е жив, затоа што официјално бил прогласен за мртов.

Портпаролката на судот рекла дека 63-годишниот Константин Релиу го загубил судскиот процес во градот Васулј на североистокот на земјата, затоа што задоцнил со поднесувањето на жалбата. Одлуката на тој суд е конечна.

Романските медиуми откриваат дека Релиу заминал во Турција да работи во 1992-ра година, по што загубил секаков контакт со семејството. Неговата сопруга, со оглед на тоа што не слушнала никакви вести за него, добила посмртница во 2016-та година.

Релиу во меѓувреме бил откриен од турските власти оваа година и тие утврдиле дека тој престојува и работи во земјата со истечени документи, па веднаш го депортирале назад во Романија. Кога се вратил дома, тој открил дека е прогласен за мртов.

„Официјално сум мртов, иако сум жив. Немам приходи и со оглед на тоа што сум на списокот со починати лица, јас не можам ниту да работам“, изјавил Релиу за романските медиуми.

Претходно «
Следно »