February 28, 2021, 1:58 am

Невepoјатни отkритија на дното на Охридското езеро од периодот на доцната антика

Поврзано

Георгиевски: Бугарскиот пapлaмeнт дa дoнece дeклapација дека македонската нација и jaзик ce фopмиpaни пocлe 1944

Екс премиерот Љубчо Георгиевски, на Фејсбук гo коментараше актуелниот  македонско-бугарски спор. Неговото размислување кое наиде на бројни негативни коментари, ви...

Филипче aпeлиpa maтичнитe лeкapи дa ги пpиjaвyвaaт хpoничнo 6oлнитe зa вakциниpaњe

Министерот за здравство д-р Венко Филипче при денешната посета на гостиварската болница изјави дека преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ и преку...

(Видео) АА и А го “нokayтиpaa” Заев: “Ce ceќaвaтe кoгa виe фpлaвтe кaмeњa и пaлeвтe инcтитyции?”

Спречувањето на вчерашниот протест од страна на полицијата е противуставно, но и противзаконско, велат од коалицијата Алијанса за Албанците...
- Advertisement -

Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид“ минатиот месец спроведе проект за подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро, насочен кон истражување локации од езерото за кои постоеја индиции за археолошки локалитети.

Истовремено преку проектот биле истражувани и поединечни наоди, дефинирани границите на потенцијалните архолошки локалитети, нивно позиционирање со помош на Џи-Пи-Ес уреди, но и откривање нови локалитети, со крајна цел нивно запишување во националниот регистар на културното наследство во Македонија.

Покрај рекогносцираните делови кај селата Пештани и Трпејца, посебно внимание е посветено на две локации во околината на локалитетот „Плоча Миќов град“, откриени при слободни нуркачки активности на членови од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид.

Раководител на проектот, археологот и виш кустос Бојан Танески појаснува дека во првиот случај станува збор за три фрагментирани керамички садови за складишна употреба – питоси, лоцирани на длабочина од 45, 35 и пет метри под површината на водата, а во вториот случај тоа е наод на градежна керамика, односно покривни тегули од лаконски тип, откриени на длабочина од 19,5 метри. Тегулите од лаконски тип биле во употреба во долг временски период низ антиката, но во конкретниов случај станува збор за тегули со потекло од доцната антика, за прв пат откриени во водите од Охридското Езеро. И во двата случаи, оддалеченоста на предметите на 70 до 100 метри од брегот на езерото, укажува на фактот дека истите биле транспортирани по вода со некаков пловен објект, а од засега непознати причини биле истоварени на овие места.

-Она рекогносцирање дава првична слика за она што се случува со овие локалитети и наоди, со што се добива појдовна точка во размислувањето за нивната иднина, која секако ќе опфаќа дополнителни археолошки истражувања, со крајна цел надополнувaње на сликата за животот во крајбрежниот појас од Охридското Езеро од праисторијата до денес“, вели Танески.

Според „Завод и музеј – Охрид“, проектот има и заштитен карактер, бидејќи со прогласувањето на локалитетите и поединечните наоди за културно наследство, истите ќе бидат заштитени од нелегални посети и активности. (МИА)

Latest News

Во бopбaтa пpoтив Koвид-19: Италија ги зaocтpи мepкитe вo пeт oд двaeceт peгиoни

Италија ги заостри ограничувањата во пет од 20-те региони на земјата во обид да го спречи ширењето на новите...

More Articles Like This