НЕГАТИВНИОТ ПРИСТАП НА СДС НЕ Е ВО КОРИСТ НА НИКОГО: Изградбата на автопатот мора да продлжи, прекинувањето е на штета на граѓаните!

  • June 20, 2017

Во пресрет на преубавата по обичај, летна туристичка сезона, во Охрид, денес се наоѓаме на трасата од автопатот Охрид – Кичево,. од други причини. Пред неколку години, на радост на граѓаните од овој дел на Република Македонија започна проектот кој беше ветен од страна на ВМРО ДПМНЕ и ревносно и во континуитет неколку години имаше постојана и видлива реализација, автопатската делница од Кичево до Охрид, истакна на денешната прес-конференција Ангел Јанев, советник во општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Јанев

Капитален проект кој претставува комплетно нов пат во должина од 57 километри и широчина од 26 метри кој исто така претставува дел од Паневропскиот коридор 8.

Сигурно не треба да се укажува на значајноста и потребата на овој нов автопат за луѓето/патниците кои гравитираат околу Кичево, Дебрца, Охрид и цела Македонија.

Сигурно не треба да се укажува дека овој автопат треба/требаше да биде од огромно значење и за домашните и странските туристи.

Говориме требаше, бидејќи деновиве сме сведоци дека градежните активности на се она што треба да претставува автопат се замрени.

Освен некои информации од средбата со Лин Лисјен, амбасадорката на Р.Кина во Македонија, на која средба се разговарало и за оваа тема, .. молк.

Во името на голем број на граѓани на Охрид, Дебрца, … прашуваме:

1) Зошто се прекинати градежните активности на оваа автопатска делница?

2) Воедно, бараме продолжувањето на изградбата и завршување на автопатот до крајниот рок, бидејќи токму овој проект, автопат Кичево – Охрид е проект кој е потребен за сите.

Дали ова преставува „Живот“за граѓаните на Охрид и на овој дел од Република Македонија – за Владата предводена од СДС, не знаеме, но со сигурност знаеме дека на овој автопат мора да бидат продолжени градежните активности.

Негативниот пристап кон капиталните проекти кои што се започнати во време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е непотребени не е во полза на никого.

Политичката разлика помеѓу она што ВМРО ДПМНЕ го ветуваше, реализираше и даваше отчетност и она што владата на СДС го прави е очигледна, но ни под разно не треба да е на штета на граѓаните на Кичево, Дебрца и најмалку на Охрид.

За крај, ќе потсетам и укажам дека имањето и завршувањето на државните капиталн проекти од овој тип, сигурно ќе бидат причини повеќе за многу одлуки за останување, работа, развој и живеење на голем број на млади во овој дел на Р.Македонија.

Претходно «
Следно »