НЕЗАБОРАВНИК ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ

Поврзано

Aхмети: Ние сме газди на оваа земја

Ние затворивме едно многу сложено поглавје мината година зачленувајќи ја нашата земја во НАТО. Сега се отвара ново поглавје...

(Документи) Митовски: Ова е тepористичка држава

Во Македонија се прислушкувале новинари, политичари и активисти на движење кое било против референдум на кој требаше да се...

120 нови случаи на Koвид 19 во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи...

Дологот кон таткоината и народот, до негоото осашчествуајње, се велит народен идеал и кон негоото осашчествуајње требит да се стремит секој свесен човек.

Крсте Петков Мисирков

Денес се соочуваме со нашите историски и културни корени. Ден е на македонската азбука, ден на светите просветители, браќата Кирил и Методиј. Го чествуваме и празнуваме времето кога тие и нивните ученици светите Климент и Наум Охридски, описменуваа и просветуваа. Затоа и ги возвеличуваме како христијански творци и јунаци. Овие културни творци и просветители ја создадоа новата македонска култура и просвета. Буквите, азбуката, и зборовите, од нив, се низа од бисери, содржани во житијата, хагиографиите, апокрифите и дамаскините од тоа творечко време. Но, времето поминато ни покажа дека кога е во прашање историјата, не можеме да се пофалиме дека сме имале среќни искуства со неа. Повеќе ни била маштеа, отколку мајка. И покрај се, со идентитетот што го имаме од памтивек, со суверенитетот за кој се изборивме, конечно го остваривме идеалот за државност и ја создадовме Република Македонија.

Арно ама зла коб постојано виси над нас Македонците и над Македонија. Македонски одродници, кои балканските хиени долго ги чекаа, повторно сакаат да не вратат назад низ векови – ни го сменија името, ни ги продадоа идентитетот, историјата и најголемите македонски синови.
…. Во ова тешко и мачно корона време-невреме на сон ми доаѓаат еден по еден, моите предци. Дедо ми Сота и ми вели, да се сеќавам на Илинденската епопеја, на Крушевската Република, прва на Балканот. Да го паметам херојството на Мечки Камен и саможртвата на Питу Гули и комитите. Да не ги заборавам предавствата за Гоце Делчев, Јане Сандански, и сите други храбри илинденци. Да ја прераскажувам и нивната херојска смрт. За крај ми вели: “Крушево, Крушево… знај, од таму ти е потеклото“. Баба ми Анастасија пак, повторно ми прераскажува за палењето на селата во Тиквешијата и прогонот на селаните од бугарските фашистички окупатори. И ми вели: “Чедо, знаеш ти кажував, оти Бугарите, ги отепаа, Ваташките деца – млади ластари, ни криви, ни должни… Татко ми Ѓорги-Гога, и мајка ми Љубица, само ме потсетија на приказните со кои ме раснеа. Дека Република Македонија со векови е создавана од напатените македонски селани, од храбрите попови, од паметните учители, просветители и преродбеници, од комитите, војводите, партизаните…. од народните трибуни низ векови. Дека Македонија е изнедрена од тешките и крвави ноктурна, уште од времето на Филип и Александар, од времето на светите Кирил, Методиј, Наум и Климент и времето на Цар Самуил. Од Богомилскиот поход, од Беласица 1014та, до Февруарскиот поход – славната НОВ/НОБ.

Така од најрани години во мојот живот научив за нашата крвава и светла историја. Таму, во Историјата, низ вековите и милениумите се Македонија и Македонците. Заедно во татковинска прегратка… Прегратка на Мајка со своето чедо. Од таму, од тоа мајчинско, татковско и народно азно, изведени се сите славни Македонски Школи: Школата на светите Кирил/Методиј и Наум/Климент; Школата на Димитар Миладинов; Школата на Крсте Петков Мисирков; Школата на Коста Солев Рацин и Школата на Блаже Конески.

Овие школи се сето наше национално благо. Во него е сета народна мудрост и сите творби произлезени од неа. Од нив се изнедрија најголемите Македонски синови, Македонски великани. Сите поминаа низ крвави војни, трагични делби и селидби, физички и духовни окупации и окупатори, востанија и револуции, потлачувања, Македонски крвави свадби… Од таа мака, од тој бес, од таа јанѕа, македонскиот творечки ген и македонската литература создадоа стотици, илјадници прометејски книги, кои денес за нас се ѕвездени патеки во нашето живеење и опстојување. Тоа се: Панонски легенди, Тајната книга, Т’га за југ, Зборникот, Сердарот, За Македонцките работи, Македонска крвава свадба, Бели мугри, Бегалка, Печалбари, Народни бигори, Крпен живот, Везилка, Небиднина, Црнила, Простум, Несоници, Непокор, Диво месо, Лет во место, Тетовирани души…. Ги додавам и Име од вечност, Молитва за Македонија, Името (Македонија) е нашата татковина, Име од светлина и рани, Македонија искон и вечност и многу други кои се големи проблесоци на македонската литература и трајни паметници на нашата севкупна духовна и културна историја.

Кога се во прашање Македонија и Македонците, мора да се биде холистичар – да се има холистички пристап, дека се е важно и се е битно: Име, Јазик, Идентитет, Историја, Традиција, Култура…. Ама мора и да си храбар. Време е да се организираме, да дигнеме глас и да одбраниме сé што е македонско. Духовната заробеност во земноста и приземноста, императивно бара да се рушат сите ментални бариери. Само молчењето е срамно. Продолжуваме со МАКЕДОНСКИОТ ПРОСТУМ. Го градиме МАКЕДОНСКИОТ НЕПОКОР. Сето ова е КОД НА МАКЕДОНСКИОТ РОД.

Оваа земја се нарекува Македонија. Не е турска, ниту бугарска или српска. Не е ни богомилска, туку оваа земја е Македонија, а ние Македонци.

Коста Солев Рацин

Пишува: Сотир Костов

 

Актуелно

(Документи) Митовски: Ова е тepористичка држава

Во Македонија се прислушкувале новинари, политичари и активисти на движење кое било против референдум на кој требаше да се...

120 нови случаи на Koвид 19 во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4,...

Операција Атлантик

Под кодното име „Атлантик“ била водена мега разузнувачка операција за следење на сите противници на промената на името, во операцијата на „УДБА“  биле следени...

(Во живо) Бoмбa на Љупчо Палевски, приcлyшкyвани и следени новинари, политичари и активисти на „Бојкотирам“

Во „Public Room“ на прес конференција, Љупчо Палевски открива дека во период пред референдумот биле прислушкувани и следени, новинари, политичари и активисти на движењето...

Брима Галуп воопшто не спровела анкета, СДСМ „води“ само на непостоечки анкети!

Новинарот Горан Момировски во емисијата „Заспиј ако можеш“ откри скандал од невидени размери споделувајќи со македонската јавност дека Брима Галуп воопшто не спровела никаква...

Повеќе вести