НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ СО БАРАЊЕ ДО МВР: Бараат да бидат вклучени во носењето одлуки

  • August 24, 2018

Независниот синдикат на полицијата бара Министерството за внатрешни работи да го земе предвид фактот дека по сила на закон овој синдикат, со над 2.500 членови е репрезентативен и да го вклучи во донесувањето на одлуките и актите кои ги засегаат правата на вработените во полицијата.

Репрезентативноста, како што посочи на денешната прес-конференција генералниот секретар на НСП Орце Коцевски, ја потврдила и Комисијата за репрезентативност со решение во кое ги известила дека репрезентативноста на ниво на работодавач се стекнува по сила на закон согласно член 212 став 5 од Законот за работни односи, односно со исполнување на овој услов.

– Со ова решение со кое се потврдува дека НСП по сила на закон е репрезентативен синдикат и веќе треба да ги има сите права и обврски од постоечкиот колективен договор на МВР, рече Коцевски.

Претходно «
Следно »