October 1, 2020, 9:00 am

Неизвесен 1.септември: Ќе седнат ли децата во училишните клупи?

Поврзано

Почна новата учебна година

Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со...

Објавен ТВ распоредот за дечињата што немаат компјутери за следење на онлајн настава

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе гледаат на Македонската радио-телевизија на која...

Најмалите на удap на Koвид-19: Градинките недоволно заштитени

Десетици заразаени деца и вработени по градинки за повеќе од две недели, а министерката за труд и социјална политика...
- Advertisement -

Дали учениците ќе седнат во школските клупи од 1.септември? Ова е прашањето што уште од сега ги мачи најголемиот дел од родителите, и тоа сосема исто и оние кои имаат деца во пониските одделенија, како и оние чии деца се веќе тинејџери.

Едните се грижат прво кому да ги остават децата во текот на денот и колку самите ќе успеат да ги научат буквите, броевите, множење, делење, едноставни математички операции, како ќе научат сами да раскажуваат, каде треба голема буква и така натаму. Родителите пак, на повозреасните деца, за кои не е проблем сами да останат дома имаат други грижи. Сметаат дека децата не го добиваат потребниот квалитет на образовние, особено што второто полугодие помина без никакви испрашувања, само беа испраќани прашања, на кои требаше учениците да вратат одговори, да направат презентации, да напишат есеи.

-Материјалот кои од секогаш се сметал за покомплициран, за кој е потребно исклучиво објаснување и предавање од страна на наставниците, комплетно изостана. Родителите не може да бидат наставници по математика, физика, хемија, биологија, странски јазици…Пропустот што е направен во втрото полугодие е ненадоместив. Содржините не се совладани. Ако и од 1.септември наставата продолжи на овој начин, заради актуелната криза со епидемијата на Ковид-19, ова ќе бидат уништени генерации. МОН мора да обезбеди вистинско учење, наставниот процес да биде сосема ист како да одат во училиште. Ако веќе се оди на онлајн настава, децата од понеделник до петок, во 8.00 наутро мора да се пред компјутерите, наставата да биде интерактивна, да бидат прашувани, да имаат тестови, да им бидат сите непознати нешта убаво објаснети и работниот ден да им завршува во 15.00, а не како што беше, до полноќ да се работи, да се бара помош од родителите, комшиите, тетките…. Истовремено, наставниците си ја задржаа платата сите тие месеци со ниту денар помалку, а нивниот ангажман беше сведен на минимум, велат за Фактор родители чии деца се средношколци.

Истовремено, ист е ставот и на поголемиот дел од наставниците. Според нив мора да се најде модус за изведување на наставата во училишните клупи.

-Можеме да ги следиме искуствата од останатите земји. Некои од нив, како што е Велика Британија на пример, наставата ја организираат комбинирано, во училишните клупи и онлајм. Тоа значи дека децата се поделени во групи, така што еден дел седат дома и се вклучени во образовниот процес он лајн, а другата половина е физички присутна во училиштетот. И ова оди наизменично, односно групите се ротираат преку еден ден. Посебно внимание треба да се обрати на првачињата кои прв пат треба да се сретнат со институцијата училиште, наставник и обврски. Преминот од 5 во 6 одделение е исто така од посебно значење, за прв пат децата се среќаваат со повеќе наставници и повеќе предмети, а оние пак што за прв пат стануваат средношколци, имаат сосема нова средина во која треба целосно да се вклопат и да се докажат. Онлајн наставата би била и проблем и за голем број деца од руралните средини, каде што нема секогаш стабилна интернет врска. Што да направат пак, родителите кои имаат две, три, па и повеќе деца, на кои им се потребни повеќе компјутери. Што ќе се направи со преметите како што се физичко образование, музичко, практичната настава во средните училишта….Но, наставниците не се само луѓе кои предаваат. Ние сме и голема поддршка на децата во однос на нивното ментално здравје. Дел од нивниот приватен живот, од радосни моменти, до семејно насилство, знаат да го споделат со нас, а ние сме тука за да ги сослушаме, да дадеме совет и секако да помогнеме. Генерален заклучок е дека онлајн настава не е решение за квалитетно и целосно образование, сметаат дел од наставнииците со кои разговараше Фактор.

Ваквите реакции и на родителите и на наставниците следуваат откако МОН на неговата веб-страница пред два дена го објави Концептот за развој на систем за далечинско учење. Во документот, кој содржи 66 страници се наведува дека ова е иницирано поради актуелната сотојба со корона вирусот, поради која образовниот систем секаде во светот претрпе промени во начинот на реализација на наставата.

-Концептот за развивањена системот за образование од далечина треба да обезбеди непречено одвивање на едукацијата на учениците во основните и во средните училишта од 1 септември 2020 година, преку прилагодување на процесот на новонастанатата ситуација и реалност. Основа на системот на образование од далечина ќе биде воспоставувањето национална платформа за основно и за средно образование, која согласно Концептот нема да се користи само во услови на криза, елементарни непогоди или вонредни состојби, туку националната платформа и сите нејзини функционалности ќе се користат и во секојдневната работа на училиштата, во комбинирањето на редовната настава со е-содржини, во нудењето различни извори и пристапи на учење, во проверувањето на постигнувањата на учениците, како и во следењето и вреднувањето на образовниот процес од страна на надлежните образовни институции со единствена цел – да се воспостави флексибилен систем на образование од далечина, лесен за користење, приспособлив за индивидуални потреби, како и употреблив за учење во училиште, се наведува во документот.

Од друга страна, пак, според педијатрите, во последниот период се поголем е бројот на децата и тинејџерите заразени со корона вирусот, но појаснуваат дека тие Ковид-19 го поминуваат со многу полесна клиничка слика, а даваат и многу едноставно објаснување зошто Ковид-19 се шири меѓу нив.

-Вирусот си го пренесуваат поради тоа што првенствено не ги носат заштитните маски, се собираат во групи, се собираат по кафетерии, сендвичарници…Воопшто не внимаваат дали се близу еден до друг. По пет-шест се наведнати над еден мобилен за да се погледне видеото, пораката, мим, гиф, како ли ги нарекуваат…Тоа е главната причина за ширењето на вирусот меѓу најмладите. Не значи дека ако не одат во училиште дека нема да се заразат. Тие се заедно по училишните часови. За од септември, треба да се направи посебна стратегија како да се одвива училишната настава. Овие образовни институции би требало дефинитивно да ги отворат вратите, но претходно да се направи план со посебни безбедносни протоколи. Таму е многу помала веројатноста да се заразат, отколку вон школските активности, сметаат неколкуте педијатри од кои Фактор побара мислење.

Latest News

Почна новата учебна година

Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со...

Носете маски, полицијата казнува: Регистрирани 890 прекршоци за 24 часа

Во текот на изминатото деноноќие (30.09/01.10.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се...

Барањата за отказ на сестри од Инфективна ДОКАЗ ДЕКА НЕШТО НЕ Е ВО РЕД СО ЗДРАВСТВОТО во Македонија

– Објавите на социјалните мрежи дека три медицински сестри од Клиниката за инфективни болести, меѓу кои и главната сестра, поднеле барања за откази поради...

Грозданов: СДС-овски медиумски сперматоитодомани

Зборот Сперматоитодомани го има измислено Зоки Черне. За декодирање за жал го нема ни во Речник, ама добар е за размислување. Вака новинарот и...

(Фото) Сообраќајка кај ЕУ Инфо Центар, блокиран сообраќајот

Утрово, на крстосницата пред ЕУ Инфо центар, се случи сообраќајна несреќа, во која возило удрило во жардиниерата. Сѐ уште не се знае дали има жртви...

More Articles Like This