April 20, 2024, 11:29 am

НЕКАКО, КАБАЕТ ИЗГЛЕДА: Од тротоар во Битола, Заев само за камерите испраќаше пораки – немаше народ за да се качи на бина и да се обрати!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ја повикувам уште еднаш, и ќе ја повикувам опозицијата отсега натаму секој ден: Ајде да ја избереме македонската иднина! Нашата заедничка иднина. Ајде да престане сеењето омраза“ рече Заев.

Македонија има причина да слави, дочекавме големи настани, ги остваруваме нашите заеднички стратешки цели, нашите заеднички сонови и надежи, рече премиерот Зоран Заев на прославата што по повод добивање на поканата за прием во НАТО се организира во Битола.

„Концертите вечерва се покана за обединување, со сите наши политички разлики, околу остварените стратешки цели на нашата земја – Членството во ЕУ и во НАТО. Ова се настани што ни се дадени и заслужени и за нешто друго: Да го испратиме во историјата, да го заборавиме еднаш засекогаш синдромот да го порекнуваме успехот на другиот! Зашто секој успех е успех за сите нас. Тоа што го направи Македонија за само една година е успех на сите нас. Без разлика на политичката определба.Имаме зошто да славиме и да се издигнеме над делбите. Сакам да ги повикам сите граѓани и да им порачам: Денеска силите што не делат – не се толку силни како силите што не обединуваат! Силите што не обединуваат се датумот за преговори со ЕУ и поканата за членство во НАТО“ порача Заев.

Тој ги повика граѓани, само да си одговорат на прашањето: Каде бевме пред една година, каде сме денес?

„Македонија е слободна земја. Секој граѓанин самостојно одлучува и ќе одлучува за својот став. Ја повикувам уште еднаш, и ќе ја повикувам опозицијата отсега натаму секој ден: Ајде да ја избереме македонската иднина! Нашата заедничка иднина. Ајде да престане сеењето омраза“ рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This