НЕКВАЛИТЕТНО МАСЛО ОД СРБИЈА СЕ ПРОДАВА ВО МАКЕДОНИЈА: Пазете што купувате, Македонските производи се секогаш подобар избор!

  • December 28, 2016

Во текот на последниве неколку месеци, во јавноста поминува информацијата за увоз на неквалитетно масло за исхрана, кое од Србија влегува во Македонија.

zejtin

За гласините да бидат пореални допринесува и фактот што истото српско масло е вратено назад во Србија од страна на косовските институции за квалитет на храна, по обидот да влезе на тој пазар.

До нашиот портал, стигнаа информациите, дека преку линкови кои ги заобиколуваат сите правни процедури, пристигнува ваквото масло до македонските трпези, кое е поевтино на нашиот пазар, отколку на српскиот за најмалку 10%, што дополнително влева сомнежи на домашните потрошувачи за квалитетот на истото. Институциите кои треба да се грижат за квалитетот на ваквите производи, сеуште молчат.

На тој начин, покрај директното загрозување на здравјето на луѓето, може да доведе до нереално рушење на конкуренцијата на пазарот, односно, намалување на конкурентноста на домашното производство. Сличен ваков случај беше со увезеното масло за јадење од Украина, кое во 2008 година од „непознати увозници“ за македонската царина, влезе на македонскиот пазар и предизвика големи реакции во македонската јавност. Кој и од кои причини го увезуваше тоа токсично масло, никој не знаеше.

Дали повторно македонските власти ќе замижат пред реалноста или сепак Дирекцијата за квалитет на храна и македонската царина ќе излезат со конкретни информации, ќе дознаеме во наредниот период.

Претходно «
Следно »