НЕКОИ ПО ТРИ, А НЕКОЈ ПО НИТУ ЕДЕН АВТОМОБИЛ: Третина од домаќинствата во Македонија немаат автомобил

Поврзано

НЕМА КРАЈ НА ЗАДОЛЖУВАЊЕТО: Владата нè задолжи со дополнителни 700 милиони евра

Седумстотини милиони евра е сумата со која попладнево се задолжи земјава преку издавање на еврообврзница. Алсат дознава дека каматната...

ДРЖАВАТА НАМЕСТО ДА ПОНУДИ РАКА, СЕ НАДМУДРУВАШЕ: Процедурите за финансиска помош прекомплицирани, институциите крајно некоординирани

Благоја Грозданов од Институтот за сметководители вечерва на Телевизија 24 со бројни kpитики кон владата за начинот на носење...

АНГЕЛОВСКИ ТВРДИ: Она што требаше да се исплати како бруто плата се исплаќа во помала вредност

Мартин Ангеловски од Туристичко-угостителската комора при ССК, вечерва во Телевизија 24 истакна дека во моментов угостителскиот сектор преживува и...

Бројот на автомобили во Македонија е во постојан раст, но сепак повеќе од една третина од домаќинствата во Македонија не поседувале патнички автомобил во 2017 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според извештајот на ДЗС за снабденост на домаќинствата со трајни потрошни добра во периодот 2015 – 2017 година, патнички автомобил имале 59.6 проценти од сите семејства.

Во Македонија бројот на автомобили е во постојан раст и од 383.833 во 2015 година достигнува вкупно 403.316 регистрирани автомобили во 2017 година, покажуваат податоците од МАКСтат.

Во периодот 2015-2017 година, процентот на семејства кои поседуваат патнички автомобил, исто така, е во постојан раст. Од 56,5 проценти во 2015 и 59,4 во 2016, на 59,6 отсто во 2017.

Бројот на нови моторни возила, односно гледано по прва регистрација се намалува, па така во 2017 година бројот на патнички автомобили со прва регистрација изнесува 26.609 возила, што споредено со 2016 година е намалување за околу четири илјади, кога биле регистрирани 30.423 нови возила.

Податоците на Народната банка на Македонија за кредитирањето во Македонија во јули годинава покажуваат  продолжување на надолниот тренд кај автомобилските кредити. На месечно ниво се одобрени за 0,9 проценти помалку кредити за автомобили, а на годишнбо ниво за 10,8 проценти.

Податоците од МАКСтат базата покажуваат дека просечната старост на патните моторни возила во Македонија е зголемена од 18,4 години во 2016 на 18,7 години во 2017 година, додека во истиот период и бројот на автомобили е зголемен за осум илјади од 395 илјади во 2016 на 403 илјади во 2017 година.

Македонија со 190 возила на 1.000 жители останува далеку под просекот во ЕУ, каде на 1.000 жители има 505 возила, покажуваат податоците на Еуростат. Истовремено, Македонија во 2016 година има вкупно 259 километри автопат и 14.167 километри други патишта. За споредба Словенија со 531 возило на 1.000 жители и со речиси иста територија како нашата држава, во 2016 година има вкупно 773 километри автопати.

Актуелно

НАЈKPИТИЧНО ВО ЧАИР: Состојба по населби во Скопје

Од вкупно 89 новозaболeни од Ковид-19 на целата територија на Македонија, 35 се од подрачјето на град Скопје. Распоредено по...

(Видео) БОКИ 13 И СЕ ЗАКАНИ НА СУДИЈКАТА, ЗАЕВ Е КРЕАТОРОТ НА СЦЕНАРИОТО ЗА РУШЕЊЕ НА СЈО: Ако добие драконска казна има уште едно...

Скандалозни заврши зборови, вака наједноставно може да се објасни ситуацијата која денес ја затекнаа новинарите во судницата на едно од последните рочишта за случајот...

ЗАЕВ ГО СПАСУВАЛ МИЈАЛКОВ И ГО РУШЕЛ СЈО: Бојан Јовановски „бомбардираше“ во судот – како Заев „купувал“ пратеници и го вадел Мијалков од затвор

Средбата која што се случила помеѓу Зоран Заев и Јордан Камчев се случила на 02.април, а Камчев го снимал и Зоран Заев,  а за...

ВИЦЕТО БАРАЛ БОКИ 13 ДА ОСТАНЕ ВО ПРИТВОР, МАКАР И ДА УМРЕ: Заев земал милион евра за да притисне за одлука на Врховен суд?!

Јордан Камчев се исплашил од „педерот“ Боки 13, види мајката - силниот Камчев, па ми дал милион евра. Тој можеби дал, дал милион евра, можеби...

ВИДЕЛА, НЕ ВИДЕЛА, ЗАЕВ БИЛ, КАМЧЕВ БИЛ: Боки 13 ја направи Русковска пуздер во завршните зборови

Вилма Русковска се шетала како „Мечка Божана“ од медиум на медиум откако го уапсила Боки 13. Јовановски објаснуваше и едно нејзино гостување на „Канал...

Повеќе вести