НЕКОЛКУ ЧАСА ЧАЛАМ: Пучот во Турција неуспешен, пучистите уапсени – вољата на народот победи во Турција!

  • July 16, 2016

После неколку часа потполн хаос кој изби во Турција откако војската прогласи дека ја превземала власта во земјата, официјалните лица соопштуваат дека ударот е спречен и дека пучистите се уапсени.

privedeni-vojnici-turska-udar-foto-anadolija-1468626703-951073

-Мал број на луѓе учествуваа во ударот. Наскоро ќе ја превземеме контролата, изјави генералот Зекаи Аксакали.

Државната ТРТ објави дека 4 војници се уапсени поради организирање на ударот, меѓу нив и еден високопозициониран.

Портпаролот на турското државно разузнавање изјави дека обидот за државен удар бил одбиен. Армиски борбени авиони летаат над Анкара за да ги неутрализираат хеликоптерите кои ги користат пучистите, јави турската државна агенција Анадолија.

Анадолија ја нарече армиската група зад пучот „Фето“, како што турската влада го вика движењето Хизмет што го води свештеникот од САД Фетула Ѓулен.

Претходно «
Следно »