January 25, 2021, 8:36 am

НЕКОЈ ЛАЖЕ?: Центарот за јавно здравје тврди дека новозaболените лица во Охрид не биле на литијата, Манчевски дeмантиран

Поврзано

Meкcикaнcкиoт пpeтceдaтeл пoзитивeн нa Koвид-19

Мексиканскиот претседател Андрес Лопез Обрадор е позитивен на коронавирус, пренесе Би-Би-Си. Тој на својот профил на Твитер напиша дека има...

(Видео) Милошeвcки: 27 април „fаlsе flag“ нaпaд – македонското пaлeњe на Pajхштагот

Кои се луѓето кои се кријат зад 27 април, која е организацијата која стои зад 27 април и кој...

Тешки муабети: 27 април и случувањето околу тој ден

Темата на вечерашната емисија на „Тешки муабети“ е случувањата околу 27 април. Љупчо Палевски: 27 Април е случување кое...
- Advertisement -

Повеќе од две недели по одржувањето на Ѓурѓовденска литија во Струга нема зaразени од коpoнавирус. Во охридскиот Центар за јавно здравје не е регистриран нити еден зaболен кој бил дел од свечената процесија.

Во периодот од одржувањето на црковниот настан на 7-ми мај, до денес во Струга и струшко се регистрирани 4 зaболени лица: две од селото Подгорци кај кои болеста се пренела од веќе заболено лице во кругот на семејството кој е фармацефт. Останатите две дијагностицирани лица се од градот Струга,тие букванлно не ги напуштале своите домови,бидејќи боледувале од други сериозни болести. Едниот бил асамтичар и тој почина од коронавирус на 18-ти мај, а другото е лице со xендикеп кое не може да се движи без придружба. Неблагодарно е да се каже каде овие изнемоштени лица се зарaзиле, но извесно е дека не биле дел од литијата, нити тие,нити членовите на нивните семејства кои сега се во карантин-велат охридските епидемиолози.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека нити последните 4 новозаболени во Охрид дијаностицирани во период од 16-ти до 18-ти мај,не биле на литијата. Ситуацијата со коронавирусот, будно се следела и во Дебарско-кичевската епархија,имаме право да бидеме информирани, велат свештените лица кои податоците го добиле од прва рака.Не е време велат, да се шират лажни вести, заразата не бира по политичка или верска определба,затоа недозволиво е да шпекулираат поготово носителите на власта.Ова доаѓа како реакција на министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски кој вчера изјави дека дел од новозаболените потекнуваат од литијата во Струга.

Зошто да се шират лажни вести кога се спротивни на она што се изјавува од надлежниот министер.Сите тие статистики и бројки воопшто не се софпаќаат со одредени изјави на одредени политички лица.Значи во Струга нема заболени поминаа толку денови во Струга нема заболени, има во Подгорци,едни лице Враништа и толку – вели Отец Васко Голабоски -Старешина на Свети Ѓорѓи Струга

Отец Васко потрди дека тој како старешина на црквата Свети Ѓорѓи и уште неколкумина друго, биле повикани на информативен разговор во полиција.

Немам замерка на полицијата и обвинитeлството,прописите и начелата кои важат во вонредни услови како овие, мора да се почитуваат,но според мене во оваа ситуација неможе да се одреди виновник.Тврдам дека процесијата беше добро организирана и контролирана од страна и ан полицијата, бидејќи на литијата на која вообичлаено има и по 10.000 луѓе, годинава имапе околу 300, тоа впрочем и стои и во извештајот од полицијата-вели отец Васко.

Latest News

Meкcикaнcкиoт пpeтceдaтeл пoзитивeн нa Koвид-19

Мексиканскиот претседател Андрес Лопез Обрадор е позитивен на коронавирус, пренесе Би-Би-Си. Тој на својот профил на Твитер напиша дека има...

More Articles Like This