НЕЛИ НЕМАШЕ ПОЛИТИЧАРИ ВО PЕKЕТ: Ременски на pаcпит во 0бBинителство за „Реkет“

  • September 4, 2019

По водителката Лила Филиповска, бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски, денеска во Обвинителството за организиран кр иминал и кор упција исказ треба да даде и пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски во врска со случајот „Реkет“.

По обелоденувањето на афе рата „Pеkет“, Ременски се споменуваше како почесна претседателка на Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

Мицевски пред Обвинителството изјави дека пари префрлил на сметката на Меѓународниот сојуз, а не на сметка на пензионерката Лилјана Тодоровска. Станува збор за 720 илјади евра кои, како што рече, ќе бара да му бидат вратени.

Водителката Лила Филиповска на излегување од Обв инителството не сакаше да даде изјава за медиумите. На новинарските екипи им испрати бакнеж со зборовите „чао друштво“.

Амзоски на сметката на Меѓународниот сојуз на Боки 13 уплатил околу 260.000 евра за стра тешко партнерство и деловна соработка.

Во врска со „Реkет“ осом ничени и во прит вор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Претходно «
Следно »