НЕЛОСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО КУРЦ: Совет на Подмладокот на ЕПП во Виена

  • October 9, 2016

На Советот на Подмладокот на Европската Народна Партија ( Council of Presidents of YEPP) кој се оддржа во Виена свое учество земаа претседателот на УМС, Владимир Нелоски и потпретседателот Димче Арсовски.

neloski-kurc

На маргините на советот беа оддржани бројни средби меѓу кои Нелоски и Арсовски остварија средба и со претседателот на подмладокот на Австриската Народна Партија (OVP), а воедно и министер за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц.

На средбата Нелоски и Курц разменија мислења за актуелните младински политики како и за актуелни политички теми.  Двајцата се согласија дека најважно е на младите да им се обезбеди просперитетна иднина и квалитетно образование.

Со самото потпишување на декларацијата „Нова Централ-Десничарска политика на YEPP“ како и изгласувањето на резолуцијата која ќе се достави до EPP ќе има за цел зголемување на гледиштата за поцврста политика и зголемување на безбедносната политика на Европа во насока на зголемување на довербата за безбедна политика на младите во Европа.

-Исто така се пружи можноста на челните лица на YEPP да разгледаат можност за организација на работна конференција на YEPP во Скопје, а домаќин да биде УМС на ВМРО-ДПМНЕ, со што од извори на бордот дознаваме дека огромни се шансите УМС да ја има честа да биде домаќин. Со што УМС по трет пат ќе биде домаќин на ваков настан од Европски Рамки кој причинува огромна доверба за организацијата. Претходно бевме домаќини на EPP-EDS И DEMYC најстарата европска младинска десничарска организација, изјави Нелоски

УМС како најголема младинска организација во Македонија е дел од подмладокот на Европската Народна Партија која ги обединува подмладоците од народните партии ширум Европа.

Претходно «
Следно »